17.8 C
Скопје
10:29 - 29 април, 2024

Белгиски научници тестираат лекови за реума против коронавирусот

Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за реума во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Целта на истражувањето е да се утврди дали овие лекови ја забавуваат инфламаторната реакција која произлегува од инфекцијата со Ковид-19.

Според научниците, околу дваесет отсто од заразените претставуваат тешки заболувања на белите дробови кои предизвикуваат недостиг на кислород во телото.

Испитувањата се фокусираат на улогата на инфламаторните супстанци во организмот кои го предизвикуваат воспалението кога имунитетот е силно погоден. Овие супстанци наречени цитокини играат улога и кај пациентите со реума, објаснуваат научниците.

– Истражувања што се водат во Кина и Италија покажуваат зголемено присуство на цитокини кај лицата кои се под респираторна асистенција, вели професорот Барт Ламбрехт од Универзитетската болница во Гент.

Над триста пациенти заразени од коронавирусот ќе бидат третирани со лекови против реума во рамките на ова истражување за да се утврди дали тие даваат ефикасни резултати. Научниците се повикуваат на студии од други земји каде три четвртини од пациентите со тешка форма на Ковид-19 покажале значајно подобрување на состојбата откако биле лекувани со третман против реума, вели професорот Ламбрехт.

Меѓутоа, останува нејасно кој лек против реума е поефикасен и дали би била потребна комбинација на терапии. Научниците ги истражуваат и можните нус ефекти.

The post Белгиски научници тестираат лекови за реума против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....