2.8 C
Скопје
16:59 - 22 декември, 2024

Коронавирусот не успеа да ги пробие затворските решетки

За среќа нема ниту еден заразен со Ковид-19 во македонските затвори. Општата состојба во сите од нив е дека строго, пред сè од персоналот на затворските институции, а потоа и од самите затвореници се почитуваат правилата за лична и хигиенска заштита. Како што велат нашите соговорници засега затворите се единственото место во земјава каде вирусот не успеал да пробие и додаваат дека „засега благодарение на Господ целиот персонал, осудениците и притворениците се безбедни“.

Соговорниците велат дека овие институции каде има голем број на луѓе, можат да бидат позитивен пример во земјава како се води сметка за личното здравје пред сè, но и за тие со кои го делите животниот простор секојдневно.

Во скопскиот регион се наоѓаат двата најголеми затвори во земјава. Првиот е Истражниот затвор „Скопје“ во скопската населба Шуто Оризари и Казнено поправната установа „Идризово“ кај истоименото населено место. Во овие два затвори од започнувањето на пандемијата на коронавирусот во земјава, но и во другите затворски институции воведени се строги медицински и безбедносни правила. Тие се однесуваат не само на личната заштита на вработените во затворите и затворениците, туку и на евентуалното ширење на вирусот, кој во вакви институции лесно би бил пренесуван меѓу лицата кои работат или живеат во затворите.

Од самиот почетокот ги воведовме строгите правила за лична заштита на сите кои имаат било каков статус во КПД „Идризово“ и сметам дека до сега добро се справуваме со тој предизвик. Всушност ние бевме прва затворска институција во земјава која ги укина пред сè контактите на роднините и пријателите со осудениците, ги укинавме наградните или викенд ослободувања, а забранивме и посети на осудениците. Знаеме дека им е тешко на осудениците и на нивните најблиски, но со тој чекор го намаливме ризикот од нивно инфицирање и заболување со Корона-19, вели за „Слободен печат“ директорот на затворот „Идризово“, Боби Мојсовски.

Тој додава дека благодарение на Црвениот крст и на здравствените власти успеале да обезбедат доволни количини заштитна опрема за сите вработени.

– Поради добрата соработка која ја имаме со Здравствениот дом – Скопје чиј што персонал го опслужува затворот, имаме одлична медицинска помош доколку на некој таа му е потребна. На секој кој ќе влезе во затворот, дали е вработен или осуденик кој треба да издржува затворска казна му се мери температура. Затворските чувари влегуваат со заштитни маски и ракавици и се на растојание од осудените лица. Внимаваме апсолутно на се и многу се внимава на хигиената во затворот – вели Мојсовски.

Слична е и состојбата во истражниот затвор „Скопје“.

Од започнување на пандемијата на коронавирусот, досега е регистриран само еден случај на заразен со Ковид-19 на вработен во затвор. Станува збор за затворски полицаец во К.П.У. затвор Охрид. Полицаецот од 25 мај користел денови поради тоа што имал новороденче. Кога се вратил на работа, на влез му била мерена температура. Било регистрирано дека има покачена температура и веднаш бил вратен дома. Откако било констатирано дека тој е заболен од коронавирусот, надлежните донеле решение сите 36 вработени во затворот да бидат тестирани поради контакт со заразеното лице, а по спроведеното тестирање е констатирано дека тие се здрави.

The post Коронавирусот не успеа да ги пробие затворските решетки appeared first on Слободен печат.


Коронавирусот не успеа да ги пробие затворските решетки was first posted on јуни 12, 2020 at 1:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....