2.8 C
Скопје
02:07 - 23 ноември, 2024

„Коронавирусот го направија Кинезите, Американците, Русите, Бил Гејтс…“: Теориите на заговор се шират брзо и лесно како вирусот

Со ширењето на коронавирусот во светот се проширија и теории на заговор поврзани со него.

Коронавирусот во лабораторија го „направија“ Кинезите со цел да го ослабнат влијанието на Америка и Европа. Американците го измислија вирусот да ги уништат Русија и Кина и да ја ослабнат Европа. Ковид – 19 го измислија тајни организации со цел да ги укинат граѓанските права и да ја ослабнат економијата во светот, и да воспостават свој авторитарен нов светски поредок. Бил Гејтс го „пушти“ вирусот за потоа да продава вакцина која веќе ја има и со која на луѓето би им бил вграден микрочип, а основачот на „Мајкрософт“ со тоа да завладее со светот, се само некои од теориите кои се ширан по дел од медиумите и социјалните мережи.

фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Вирусот е само трик, веруваат поддржувачите на таканаречениот „QAnon“, па од рацете на сатанистичките и педофилските тајни структури во длабочините на државата во која припаѓаат меѓу другите и Том Хенкс, Барак Обама и Хилари Клинтон да ги ослободат „децата кртови“ кои овие ги држат под земја и ги злоупотребуваат. Вирусот се шири преку 5г телефонска мрежа, па затоа таму каде што е инсталирана оваа мрежа има најголем број смртни случаи, а вирусот најмногу напредувал. Исто така една од теориите на заговор е дека „коронавирусот воопшто не постои, туку дека е само измислен за да се укине плаќањето со готовина“.

Уште на почетокот од ширењето на пандемијата Светската здравствена организација предупреди на „инфодемија“ – вишок на информации – од кои некои се вистинити а некои не и кои на луѓето им отежнуваат во потрагата за веродостојни извори и издржани толкувања кога им се најпотребни.

Истражувачите се согласни во оценката дека теориите на заговор се секогаш реакција на постоечки проблеми и грижи. Меѓутоа, додека некои од нив се безопасни и смешни, останатите може да имаат последици по здравјето и безбедноста, но и политички последици.

Во голем број општества, теориите на заговор уште многу порано „претставуваат важен предизвик“, а сега во услови на корона кризата овој предизвик е уште поголем, оценува интернет страницата на европската академска истражувачка мрежа „COMPACT“, која финансиски е поддржана од „Horizon 2020“, рамковна програма на ЕУ за истражување и иновации.

„Теориите на заговор, верувањето дека моќните сили од зад кулисите манипулираат со сите случувања – постојат во сите модерни општества. Последниве години тие добија повеќе на значење и популарност – особено на онлајн – со порастот на лажните вести и дезинформациите. Некои од теориите на заговор може да претставуваат безопасна забава или знак за основан скептицизам. Меѓутоа, понекогаш може навистина да бидат опасни. Теориите на заговор многумина може да доведат до губење на довербата во здравството и медицинското и научното знаење, до повлекување од политичките случувања, па дури и до насилства, се наведува на страницата на европскиот научен проект за истражување на теориите на заговор.

Насилствата кои ги споменуваат истражувачите од мрежата „COMPACT“ се однесуваат и на демонстрациите на противниците на мерките за сузбување на пандемијата во повеќе американски сојузни држави. Исто така, на демонстрациите во германските градови каде беа регистрирани напади врз новинарски екипи. Меѓу луѓето кои ги започнаа протестите против ограничувањето на граѓанските права за време на пандемијата, главниот збор го презедоа поддржувачите на различни теории на заговор. Нив им се придружија и различни екстремно десничарски и неонацистички групи.

Со новите медиумски можности тие се во можност да ги шират теориите на заговор речиси неограничено.

На почетокот на мај Фејсбук, повикувајќи се на прописите на компанијата за опасни дезинформации, ја затвори страната која ја полнел со содржини Британецот Давид Ајк, поранешен професионален фудбалер. Ајк, кој е автор на десетина книги, поврзува различни идеи на заговор, од рептили кои ја заробиле земјата и човечкиот род и не дозволуваат да се развие во полн потенцијал, преку тајни елити кои владеат со планетата, па се до врски на коронавирусот и 5г мрежата, а секоја теорија на заговор е обоена со антисемитизам и десничарски екстремизам.

Ваквиот чекор на Фејсбук откако британската организација која работи на сузбивање на говорот на омраза побарала Ајк да биде отстранет од друштвените мрежи. Оваа организација по анализи на неговите видео клипови оценила дека тој е еден од водечките творци на лажни информации за коронавирусот. Неговите „предавања“ ги проследиле повеќе од триесет милиони посетители. И по неговото укинување на профилот остана огромна мрежа страници и групи каде се разменуваат содржини кои претходно тој ги пласираше.

Секој од познаниците и роднините кои од почетокот на пандемијата добил порака во која е „објаснето“ што се се крие зад вирусот, може да потврди дека теориите на заговор се попримамливи и за мажите и за жените и за младите и за старите.

Меѓутоа сепак има „одредени тенденции“ дека мажите  се поподложни на теориите на заговор од жените особено оние над 40 години. Психологот Јован Бајфорд, предавач на Отворениот универизитет во Велика Британија, објаснува дека основата на која се врзуваат објаснувањата на приврзаниците на теориите на заговор „не е дека заговорот постои туку дека тие се подвижна сила во историјата“. Приврзаниците на теории на заговор дури не се ни заинтересирани што постојат многубројни противречни заговори, туку тие „ бараат лажни врски меѓу различни историски актери и случувања“, без „географски и временски ограничувања“ и веруваат дека тоа може се да објасни. Истовремено лицата кои светот го објануваат повикувајќи се на теории на заговор се изразено неделотворни и безуспешни.

Низ историјата најголеми откритија на илегални активности или затскривања излегоа на дневна светлина благодарение на вистинско новинарство, истрагите кои ги воделе државните институции или акциите свиркажите. Подвижна сила на голем број откритија на вистински завери биле законите за слобда за информирање – клучна институција на политичка транспарентност. Ни еден единствен скандал не е разрешен од страна на теоретичар на заговор.

Истражувањата кои во текстот „Сите тие лаги“ го цитираат социалниот психолог Каран Даглаз од универзитетот Кент од Велика Британија и истите покажуваат дека луѓето кои полесно веруваат во теориите на заговор имаат помала желба да учествуваат во демократските процеси, бидејќи тие им даваат чувство на безпомошност. Исто така кај овие луѓе помала е подготвеноста да се ангажираат во врска со темите како што се заштита на работните места и климатските промени.

По повод дебатата за корона во САД професорката по социологија на универзитетот на Северна Каролина, Зејнеп Туфекчи вели дека она што моментално се случува е епистемолошка криза, бидејќи има многу стручно знаење но малку способности тоа да се разликува од се друго.

Ширењето на теории на заговор станува показател за поделеноста во јавноста и „симптом за криза во демократските општества“, оцени професорот Михаел Бутер на крајот од книгата „Ништо не е онака како што изгледа“.

„Ако општествата неможат повеќе да се разбираат за тоа што е вистина неможат ни да ги совладаат неодложните проблеми на 21 век“, напиша Михаел Бутер.

The post „Коронавирусот го направија Кинезите, Американците, Русите, Бил Гејтс…“: Теориите на заговор се шират брзо и лесно како вирусот appeared first on Слободен печат.


„Коронавирусот го направија Кинезите, Американците, Русите, Бил Гејтс…“: Теориите на заговор се шират брзо и лесно како вирусот was first posted on јуни 9, 2020 at 1:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....