2.8 C
Скопје
18:08 - 23 декември, 2024

Коронавирусот ги одвојува хуманите од нехуманите

Пред само три дена главна тема во јавноста беше дали дуелот со Косово од Лигата на нациите ќе се игра пред празни трибини, за да сега констатираме дека под знак на прашање е и одржувањето на Европското првенство во фудбал.

Епидемијата од коронавирусот ковид-19 веќе официјално е прогласена за пандемија од Светската здравствена организација, што значи дека територијата која е зафатена од заразата е голема и прераснува во глобален проблем, од кој може да биде зафатена целата Земјина топка. Реално никој не може да ги предвиди последиците од оваа непогода, но искуството што го имаме од Кина, во чија провинција Хубеј за првпат се појави заразата, ни укажува дека со правилни мерки на заштита, би можеле да ја решиме епидемијата во период од три месеци.

Тоа подразбира затворање на сите објекти што не се од витално значење за опстанокот на државата, самоизолација на жителите во своите домови, суспендирање на јавниот превоз и забрана за патување во странство, како и строги проверки на луѓето што пристигнуваат од други земји со нивно задржување во изолирани простории на подолг период. Секако дека се затвораат и сите фабрики, претпријатија и фирми, кои не се потребни во производството на неопходните продукти и обезбедувањето услуги. Тоа значи дека на работа ќе одат само медицинскиот персонал, униформираните полицајци, а значајна улога во вакви вонредни услови ќе имаат и припадниците на армијата. Од приватниот сектор, отворени за муштерии ќе бидат само аптеките и продавниците за храна, а сите ние ќе треба да ги почитуваме препораките за рестриктивно движење, што подразбира дека од дома ќе излегуваме само во крајна нужда за да купиме храна и лекови. Сите други луѓе во земјава ќе бидат пуштени да се самоизолираат во домашни услови.

Е, сега доаѓаме до клучниот проблем на оваа проектирана вонредна ситуација. Како фирмите во Македонија ќе опстојат без да работат подолг период и како работниците ќе земаат плата? Односно доколку кризата потрае подолго од еден месец, како граѓаните ќе успеат да ги намират сите неопходни трошоци, како сметките за храна, комуналиите, обврските кон банките и другите месечни издатоци. Не треба да се трошат многу зборови за да се објасни дека македонската економија е речиси несолвентна и во идеални услови, а дека просечниот македонски граѓанин е на границата на сиромаштијата и кога е вработен.

Потребно ќе биде на владино ниво да се донесат серија мерки, кои нема да бидат претставени како препораки, туку како одлуки со сила на декрет, со кои јасно и недвосмислено ќе се регулираат односите во општеството во услови на епидемија. Ќе треба да се нагласи дека сите мерки важат за вработените во јавниот и во приватниот сектор и тоа да се повтори неколкупати. Зошто? Бидејќи по одлуката учениците да се ослободат од школска настава, родителите чии деца се помлади од десет години, а се вработени во јавниот сектор, сега седат дома, додека оние што се вработени кај приватниците земаат денови од одмор или, пак, воопшто не се ослободени од работните обврски. Ваквите препораки не наметнуваат законска обврска за работодавачите, кои водени од капиталистичката логика природно го штитат капиталот. Но, токму таквата практика ќе ни ја десеткува популацијата од зараза и ситуацијата ќе ни ја направи неиздржлива. Па така, за неколку години, кога со мачнина ќе се сеќаваме на епидемијата, секој разговор ќе започнува со реченицата – знаеш, тогаш видовме кои од луѓето се хумани, а кои не се.

The post Коронавирусот ги одвојува хуманите од нехуманите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....