0.8 C
Скопје
05:35 - 25 декември, 2024

Корона, избори и летен одмор

На залезот на силата на короната, вниманието на граѓаните полека се несочува кон можноста за одење на летен одмор, а на политичарите пак за одржување на изборите, кои беа запрени токму поради пандемијата на вирусот.
Сите три активности се важни, но како да се соберат во едно?
Мерките за социјална дистанца постепено се олабавуваат, а тоа создава можност за други социјални и општествено политички активности меѓу кои секако спаѓаат и изборите. Дали и кога тие ќе се одржат зависи пред се од подготвеноста на политичките партии.
На состанокот кај Претседателот Пендаровски кон крајот на минатата година сите беа подготвени за одржување на предвремени избори што е можно порано. Но, сега се чини дека не сите се за продолжување на изборниот процес запрен на 21 март со Уредба на Владата.
Тогаш беа запрени сите изборни дејствија, но се задолжува Државната изборна комисија да ја обезбедат и чуваат постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија, кои ќе продолжат од денот на престанок на вонредната состојба.
За таа цел Државната изборна комисија треба во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.
Броено во денови тоа би значело дека ако вонредната состојба заврши на 16 мај, по автоматизам изборите би требало да се одржат на 7 јуни.
Ако пандемијата биде зауздана, и ако партиите се подготвени како што беа пред појавата на вирусот, не би требало да биде проблем одржувањето на изборите во овој термин пред почетокот на летото, по што можеби и граѓаните ќе можат да побараат место за одмор и закрепнување од кризата со вирусот.
Само овој термин е логично продолжување на изборните активности искажани преку волјата на пратениците во оставка.
Можеби не е најсреќно, но секое друго решение е безмалку невозможно ако се има предвид тврдоглавото одбивање на собранискиот спикер Талат Џафери да го свика Собранието и низ легална процедура се потврди најпрво Уредбата за вонредна состојба и првата и втората, а потоа и да се договори и новиот термин на одржување на изборите.
Оттаму разбирлива е иницијативата на група пратеници да соберат што поголем број потписи и да ја искористат уставната можност да поттикнат собраниска седница. Триесетина пратеници од СДСМ, НСДП, независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и ДПА веќе се потпишани на иницијативата за свикување седнца на Собранието и денеска се очекува да му биде доставена на Собранискиот спикер Џафери.
Но „секогаш“ подготвената за избори ВМРО ДПМНЕ овој пат покажува отпор и не ја подржува оваа иницијатива, додека ДУИ сепак остава простор најпрво да ја види иницијативата па дури потоа да се изјасни.
За експертите блиски до ВМРО ДПМНЕ на кои се повикува и Џафери не постои можност да се состане Собранието.
За професорката Каракамишева Пратениците не може да се вратат во Собранието бидејќи тоа би значело кршење на Уставот.
Според неа за определување нов изборен ден не е надлежна ниту Владата ниту ДИК. Одлуката за запирање на изборните дејства за неа е проблематична и од уставен и од правен аспект, затоа што како што вели изборите не можат да запрат и пак да продолжат таму каде застанале. Нов изборен роковник е можен само со познат изборен термин, а тој не е познат, затоа вели таа сите изборни дејствија мора да почнат од почеток.
Каракамишева сепак не дава образложение кој според неа треба да го определи новиот термин и од кој почеток да почнат сите изборни дејствија. Дополнително професорката Каракамишева заборава дека „спорната“ одлука за запирање на изборните дејства беше подржана од сите политчки партии вклучувајќи ја и ВМРО ДПМНЕ.
И професорката Давкова е збунета како што вели од целата ситуација, но ниту таа како устевен експерт не знае како правно да се одмота клопчето во кое не доведе корона вирусот.
Наспроти овие ставови, експертските мислења кои Џафери не ги зема предвид сметаат дека Собранието може повторно да се состане за да констатира дали постојат услови за вонредна состојба, бидејќи таа одлука мора да ја донесе законодавното тело кое го претставува суверенитетот на граѓаните.
Сепак конечната одлука дали ќе свика одржување на седница ја носи претседателот на Собранието Талат Џафери, кој во една прилика алудираше дека ако одлуката за одржување на изборите на 12 април ја донеле со консензус лидерите на политичките партии ( на која тој не беше повикан), тогаш само тие можат да се договорат и за друг термин за одржување на изборите.

Но прашање е кој термин би бил  најпогоден за сите. Многу опции нема. Ако не во јуни, тогаш еден од термините кој ја задоволува синтагмата „предвремени“ се месеците по летото. Но ако јуни е незгоден пред летото, септември е исто така. Се друго е веќе период на редовни избори кои сите сакаа да ги избегнат.

 

The post Корона, избори и летен одмор appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....