Во Белград, 85% од тестираните се позитивни, изјави епидемиологот Предраг Кон за белградските медиуми, потенцирајќи дека носењето маски не е прашање на „сакам- не сакам“, туку обврска што ќе трае многу долго – до пролет наредната година.
– Вирусот јасно ни кажа, нема сезона за мене. Ова ќе биде брановидно, повторно ќе имаме пад, штом има опуштеност, ќе има раст и така ќе биде до доаѓањето на вакцината. А, ако не биде готова вакцината, сите ќе мораме, кога ќе кажам сите – мислам повеќе од половината, да се заразиме, рекол Кон и додал дека луѓето ќе мора да се научат да носат маска во затворен простор.
На прашањето дали има конфликт во рамките на Кризниот штаб и меѓу лекарите и државата, Кон рекол дека има, но дека не станува збор за кавги, туку размена на мислења.
Не знам за каков конфликт станува збор, тоа е вербална размена на мислења. Кога се свртува кон лутина или нешто неприфатливо, велам – добро, разбирам. Целиот гнев што постои треба да се пренасочи кон вирусот и да се стават маски. Ако носиме маски цело време, тој вирус нема каде да оди, заклучи тој.
The post Кон: Маските ќе ги носиме до наредната пролет, 85% од тестираните во Белград се позитивни appeared first on Слободен печат.
Кон: Маските ќе ги носиме до наредната пролет, 85% од тестираните во Белград се позитивни was first posted on јули 4, 2020 at 8:58 am.