
Со победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД, Камала Харис го зазеде местото број 2 во Белата куќа.
Камала Харис е новата потпретседателка на Соединетите држави: таа е прва жена и азиско-американски потпретседател.

Има 55 години, родена е во Оукланд, Калифорнија, од татко Јамајканец и мајка Индијка. Нејзиниот сопруг, Даглас Емхоф, е Евреин роден во Њујорк (56), израснал во Калифорнија, каде станал адвокат. По разводот, тој ја запознал Харис на „слеп“ состанок, договорен од нејзините колеги, а се венчале во август во 2014 година.

Во 2016 година, Камала Харис била избрана во Сенатот и долги години се бори за правата на малцинствата, особено на жените и Афроамериканците. Себеси се нарекува „среќен воин“. Бајден пак, често ја нарекува „бестрашен борец за слабите, еден од најдобрите јавни службеници во земјата“. Искусната политичарка Харис е поранешен јавен обвинител со репутација на жесток противник на администрацијата на Трамп. Како противничка на смртната казна, адвокатката вети реформа на казнениот систем, а работи во полза на абортусот и правата на хомосексуалците. Таа се залага за воведување на „трет пол“ во јавните документи.

Камала Харис, која сега е највисоко рангирана жена во политиката во историјата на САД, изјави: „Би можела да бидам првата жена во оваа канцеларија, но нема да бидам последна“, и додаде дека секое девојче сега може да види дека САД е земја на можности.

Пред неа, две жени – Џералдин Фераро и Сара Пејлин беа кандидатки за потпретседател, но кандидатите со кои се кандидираа не беа избрани. Единствениот претседателски кандидат, Хилари Клинтон, беше поразена во 2016 година.
The post Која е Камала Харис, новата потпретседателка во Белата куќа, која себеси се нарекува „среќен воин“? appeared first on Слободен печат.
Која е Камала Харис, новата потпретседателка во Белата куќа, која себеси се нарекува „среќен воин“? was first posted on ноември 8, 2020 at 8:36 pm.