-0.2 C
Скопје
05:13 - 22 ноември, 2024

Кој прв на избори, тој прв ќе формира Влада

Кога ги гледаме овие наши лидери на нашите партии и кога ги слушаме како се неодлучни, веднаш сфаќаме дека лажат кога ќе речат „ние сме секогаш подготвени за избори“! Тоа значи никогаш не сме подготвени. Секогаш ни е страв од избори за да не го загубиме и она што сега го имаме.
Затоа можеби треба ние, граѓаните да им помогнеме и да најдеме решени кога е најдобро за нив да одат на избори. Па полека ми се кристализира едно можно решение. Имено тоа не мора биде директно изборно соочување како што многумина ги нарекуваат изборите. Може да биде одложено соочување.
Имено, нема друго решение, освен секоја партија да си одбере датум за избори и тогаш да си организира избори- и тоа од свој џеб. Земаат доволно годишно од буџетот евра што има следуваат за да ги платат овие избори, вклучувајчи ги и избирачките одбори, ОБСЕ и другите набљудувачи, и се разбира хонорарите на ДИК.
Се разбира доколку повеќе партии се во коалиција или пак се согласиле да имаат избори во ист ден, можат да си ги поделата трошоците. За да поминат поевтино!
Според овој принцип на тој ден право да гласаат да имаат само оние кои ја подржуваат таа партија.
Па така на 21 на избори први да одат СДСМ, Беса и ДПА, на крајот на јули Алијанса на Албанците, а ВМРО ДПМНЕ нека си одбере во кој од предложените три термина ќе ги повика своите гласачи. Ако не се пишмани дотогаш.
Овој начин има повеќе предности за кои треба да се размисли. Секоја партија си презема одговорност за здравјето на своите гласачи. Па сега нека му ја мислат, во кој термин не дај боже на некого да му се случи нешто! Кој тогаш ќе бега од премиерската функција!
Но исто така на тој начин ќе се избегнат турканиците кога сите гласаат во еден ден. И од политички аспект е почисто, но и од организациски е попрагматично. Како прво нема да мораат, на пример симпатизерите на една сега опозициска партија, да одат први и порано на гласање, како досега, туку ќе го имаат цел ден на располагање. А нема да има ниту попреку гледање на едни кон други од различна политичка опција.
Исто така е важно што ќе се надминат сегашните дилеми како на денот на изборите да се обезбеди социјална дистанца на толкав број гласачи плус со маски и па и пенкала за еднократна употреба, па измени на иаборниот закон за продолжување на гласањето за неколку часа т.н. На овој начин глатко ќе се реши се. Имено на денот на изборите на „таа“ партија нормално ќе има помалку гласачи, помалку набљудувачи од партиите па опсаноста од зарази е помала.
Што се однесува до трошоците за пенкалата, та и онака порано тие беа дел од пропагандниот материјал што партиите заедно со други дребулии ги делеа по куќите и по симпатизерите.
Исто важи и за кампањите, никој на никого да не му се меша. И на медиумите ќе им олесни кога ќе знаат дека тој и тој месец следат само една партија. И имаат простор убаво да ја обработат, целиот простор само за една партија, а не вака по малку за сите па мораат да внимаваат по колку секунди да пуштат од секој лидер на партија па од секој носител на листа…

Има сигурно уште некои погодности кои ги нуди оваа опција, но оставам на вас да придонесете кон овој предлог.

Но оваа варијанта има и една маана. Имено ако оние кои први отишле на избори освојат 61 пратенички мандат, ќе си формираат и Влада, а оние последните уште ќе гласаат!!!

The post Кој прв на избори, тој прв ќе формира Влада appeared first on Слободен печат.


Кој прв на избори, тој прв ќе формира Влада was first posted on мај 18, 2020 at 11:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....