0.8 C
Скопје
04:43 - 27 декември, 2024

Кој имал кредит позајмил уште, ратите значително се зголемиле

Оние што веќе имаат кредити, земале нови кредити, додека нови корисници на банкарски услуги има многу помалку, покажуваат податоците што ги објави Народната банка за банкарскиот систем во 2019 година.

Ова довело до зголемување на месечните рати за отплата. Ратите за најкористениот вид кредит, а тоа е потрошувачкиот, во 2018 година во просек биле 4.900 денари, а во 2019 година просекот се зголемил на  5.900 денари. Просечна рата на станбен кредит во 2018 година изнесувала 15.900 денари, а во 2019 е 17.300 денари.

„Кај потрошувачките кредити, просечниот ануитет се зголеми за 21 процент, или за речиси 1.000 денари, додека кај станбените кредити овој раст изнесува 8,8 проценти, или речиси 1.400 денари во изминатиот едногодишен период“, пишува во извештајот на Народната банка.

Во 2019 година износот на новоодобрените кредити на домаќинствата бил 358 милиони евра, а од овој износ  68,4 отсто се однесува на потрошувачки кредити, а 13,2 на станбени кредити. Но, она што е интересно е дека дури 88,1 отсто од вкупните кредити се одобрени на домаќинствата што веќе имаат некаков кредит.

„Во услови на постојано олабавување на кредитните стандарди, вклучително и пониски каматни стапки, рефинансирањата на кредитите на домаќинствата (пред сѐ, станбените и потрошувачките кредити) прилично зачестија. Ова упатува на дозадолжување на постојните кредитокорисници, кои при рефинансирањето, честопати, се задолжуваат со уште поголем износ на кредит. Со цел да се избегне превисока задолженост на клиентите, особено е значајно банките да имаат поставено доволно прудентни нивоа за висината на показателот за соодносот меѓу вкупните месечни отплати на долгот на клиентите и нивните месечни доходи (што тековно се поставени на ниво од 55-60 проценти)“, пишува во извештајот на Народната банка.

Според извештајот, во 2019 година се забележува зголемување на учеството на задолженоста на лицата со пониски месечни примања. „Имено, 46,7 проценти од вкупната кредитна изложеност на домаќинствата е концентрирана кај домаќинствата со нето-плата еднаква или помала од просечната нето-плата за 2019 година. Овој процент е уште повисок кај кредитните картички и негативните салда на тековните сметки (61,5 проценти) и кај потрошувачките кредити (54,6 проценти), додека кај станбените кредити е на значително пониско ниво (21,7 проценти)“, информираше Народната банка. Но, оттаму забележаа и дека корисниците на кредити што имаат просечна плата, или помалку од неа, имаат и најниска просечна задолженост.

The post Кој имал кредит позајмил уште, ратите значително се зголемиле appeared first on Слободен печат.


Кој имал кредит позајмил уште, ратите значително се зголемиле was first posted on мај 27, 2020 at 10:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....