0.8 C
Скопје
09:45 - 19 декември, 2024

Кои се Дедовиќ и Стаматовиќ – ликвидираните црногорски мафијаши во Атина

Според пишувањата на грчките медиуми, синоќешната ликвидација на наводните лидери на шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се случила за помалку од една минута, спроведена од професионалци. Во тој момент, ранета е и една жена, која веднаш е пренесена во болница.

Дедовиќ и Стаматовиќ одамна им се познати на полициските служби, пишува „ЦДМ“.

За Игор Дедовиќ (43), кој со браќата Игор и Јовица Вукотиќ е означен како еден од лидерите на шкаљарскиот клан, на крајот на март 2016 година беше распишана потерница поради обид за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ, двајцата блиски со кавачкиот клан, најголемите конкуренти на шкаљарците. Ступар тогаш се здоби со тешки телесни повреди опасни по живот, додека Радоњиќ остана неповреден.

Дедовиќ инспекторите го поврзуваат со шверц на наркотици. Дедовиќ некогаш беше сопственик на ланец на пицерии „Пронто“, а неколку дена откако беше ранет во престрелка во август 2008 година, тој ја напушти Црна Гора.

Војин Ступар, кон кој наводно пукале Дедовиќ, Вукотиќ и Шаковиќ, е зет на Игор Божовиќ, еден од лидерите на кавачкиот клан кој исто така е во бегство, додека Милош Радоњиќ пред неколку месеци е уапсен во Хрватска со лажни документи.

Стеван Стаматовиќ важи за лидер на кланот од Загоричани, криминална група од Подгорица за која многумина сметаат дека е огранок на кланот од Шкаљари. Стаматовиќ е обвинет дека организирал криминална група чија цел била да го убијат Радојица Зековиќ, кој наводно е блисок со кланот од Кавач. Нему во ноември минатата година за тоа кривично дело му беше изречена казна затвор во траење од 12 години. Стаматовиќ беше во бегство и му се судеше во отсуство.

Убиениот Стаматовиќ во соседна Србија ѝ стана позната на јавноста во рамките на истрагата за убиството на Александар Станковиќ познат како Сале Мутави на 13 октомври 2016 година, бидејќи тој ден наводно бил во Белград, а брзо потоа се вратил во Подгорица. Тој, меѓутоа демантираше дека има било каква врска со убиството на Сале Мутави. Исто така, Стаматовиќ се поврзуваше и со оружјето кое беше пронајдено во Јајинци, во близина на тогашниот премиер, а сега претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Еден од најблиските соработници на убиените Дедовиќ и Стаматовиќ е Милиќ Миња Шаковиќ кој е на слобода во Црна Гора. Од лидерите на шкаљарците се останати браќата Вукотиќ, со тоа што Јовица Вукотиќ е во екстрадициски притвор во Белград, додека Игор Вукотиќ е во бегство и за него има распишано меѓународна потреница.

Во април 2019 година, еден од најслните удари за шкаљарскиот клан беше убиството на Веселин Веско Вукотиќ, таткото на Јовица и Игор Вукотиќ. Веско Вукотиќ е убиен во Котор пред својата куќа. Тоа убиство до ден денес е останато нерасветлено.

Которските кланови претходно делуваа како една криминална група. Меѓутоа, на крајот на 2014 година во Валенсија исчезнаа околу 300 килограми кокаин, по што дојде до поделба во кланот, кој се подели на „шкаљарци“ и „кавчани“. Набрзо започнаа и убиствата, пишува српски „Б92“.

Во војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан од февруари 2015 година до денес се убиени повеќе од 40 лица.

Дедовиќ имал хрватски документи?

Игор Дедовиќ, припадникот на шкаљарскиот криминален клан, кој вчера беше убиен во Атина, имал хрватски документи, пишува „Јутарњи лист“.

Весникот потсетува дека за озлогласениот шкаљарски клан од Црна Гора многу се пишуваше на крајот на минатата година, откако хрватската полиција во координација со УСКОК и полиции на другите земји спроведе тајна акција, во која е утврдено дека некои од членовите на кланот Шкаљари, меѓу другите, користеле автентични документи со фалсификувани податоци.

Меѓу оние кои користеле хрватски докумети бил и убиениот Игор Дедовиќ, пишува овој загребски медиум.

Полицијата тогаш го приведе Нусрет Сеферовиќ (49), за кој се сомнева дека бил главен шеф на групата која набавувала и изработувала оригинални пасоши нза припадници на земунскиот клан и припадници на црногорскиот шкаљарски и кавчански клан.

Ликвидациите и пресметките на дрските криминални банди од Црна Гора влеваат страв во коски на целиот регион

The post Кои се Дедовиќ и Стаматовиќ – ликвидираните црногорски мафијаши во Атина appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....