10.8 C
Скопје
14:37 - 19 декември, 2024

Коха: Косово доби јасна порака дека за ЕУ не е држава

Косово во Европската Унија не се третира како суверена држава, но функционерите на ЕУ тоа прашање секогаш го релативизираат зборувајќи за „европската перспектива“, пишува Коха диторе.

Во текстот се наведува дека, меѓутоа, никогаш до сега не било толку јасно дадено до знаење дека Косово не е држава за Европската Унија и дека не може да се пријави за членство во Унијата, како што тоа неодамна го направи портпаролот на ЕУ Петер Стано на конференција за новинарите, пренесува Косово онлајн.

Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали Косово може да се пријави за членство во ЕУ, откако сега е дел од обврските во документите потпишани во Вашингтон, каде што беше ветено дека нема да се бара членство во меѓународните организации.

Стано не сакаше да коментира што се случило во Вашингтон, кажувајќи дека тоа ги засега страните во договорите, а не ЕУ, туку се ограничи на објаснувања во врска со можноста Косово да аплицира за членство во ЕУ.

„Што се однесува до вашето прашање дали Косово ќе може да се пријави за членство во ЕУ, морам да ве потсетам на фактот дека сѐ уште има пет држави членки кои тоа не го признале. Косово сѐ уште не е во можност да поднесе формална пријава за членство во ЕУ“, кажа портпаролот на ЕУ, додавајќи дека Косово има јасна европска перспектива.

The post Коха: Косово доби јасна порака дека за ЕУ не е држава appeared first on Слободен печат.


Коха: Косово доби јасна порака дека за ЕУ не е држава was first posted on септември 10, 2020 at 7:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....