3.8 C
Скопје
23:16 - 20 декември, 2024

Кога политиката ќе ја сретне короната

За понеупатените, да кажеме на кратко што е целото ова „пењавење“ околу прогласување „кризна“ или „вонредна“ состојба: и со двете се овозможува поефикасно делување во однос на предизвиците што стојат пред нас, само што со „вонредно“ прогласување на состојбите Владата има право за носење одлуки со законска тежина, без да се консултира Собранието, кое и така е распуштено.

Значи, се работи за најстарата игра од кога е измислен светот и политиката, околу тоа кој, колку и со кои ограничувања или без ограничувања ќе има МОЌ во владеењето.

За ВМРО-ДПМНЕ – кое инсистира на прогласување „кризна“, а не на „вонредна“ состојба – прашањето е од примарно политичко значење. Тие се во една крајно деликатна состојба. Од една страна, се разбира дека се загрижени за состојбата со ширењето на епидемијата на корона вирусот и, како и сите нормални луѓе и конструктивни фактори во општеството, сакаат што поефикасно решавање на кризата; но, од друга страна, јасно им е дека, во политичка, предизборна смисла, тој посакуван успех, по природата на работите, ќе оди на сметка на власта… Затоа се трудат успехот да биде „ограничен“ во „здравствениот“ дел на кризата, паралелно со, барем релативен, неуспех во другите аспекти на делувањето на власта: економијата, социјалните мерки, па и психолошката состојба во општеството. За, кога конечно, ќе се презакаже датумот за вонредните избори, да имаат со што да ѝ парираат на сегашната власт, предводена од СДСМ. Инаку, го „обраа бостанот“ на изборите – за што и така шансите не им се најдобри.

Тоа е причината што „мрчат“ за што ќе стигнат, по цена и пропагандно-политички да се глупираат, како обидите на тимот предводен од Филипче да му „држат лекции од високо“ дека, на пример, со миењето улици требало да се почне од вчера, а не од утре сабајле! И слични други епохално круцијални совети. Дури и пропагандата им е малку зауздана, за да не претераат и да не се разоткријат со намерите пред време. Но, уште сега ги имаат зафатено „столчињата“ по прес-конференциите – кај Филипче, гледам, постојано дежураат два-тројца пропагандистички глупантропи, кои изигруваат загрижени, конструктивни новинари, задолжени „во името на јавноста“ да поставуваат и тривијални прашања, до моментот кога ќе треба да преминат на сценариото за правење „циркуз“, во живо.

Од истите причини, за СДСМ, пак, прогласувањето „вонредна состојба“ е од големо значење: да, на Владата, во оваа ситуација, ѝ треба моќта да носи одлуки со законска важност, чие ефикасно спроведување би се почувствувало, имено, во сите, а не само во тесно-здравствената област.

На пример, чувствувам дека ова релативно одолговлекување со објавување на конкретни економски мерки за помош на стопанството и на населението е поврзано со одлуката за прогласување „вонредна“ состојба. Претпоставувам дека, така, би следувале владини одлуки, со сила на закон, кои ќе се однесуваат на одредени финансиски текови во државата… Кои, вака, не можат да бидат донесени.

Дали разбравме сите за што станува збор? … Фала.

Мислам дека и на претседателот Пендаровски овие работи му се познати. Или забрзано му стануваат јасни.

Другото е политика, за тоа оставам сите да си имаат свое мислење.

The post Кога политиката ќе ја сретне короната appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....