-1.2 C
Скопје
04:47 - 19 декември, 2024

КЛАСТЕР „Тајна мала свадба Кичево“: Корона фатил младоженецот, невестата е суспектна ама во анкетите не кажале „да не пукне брука“!?

Младоженецот и дел од гостите од свадбена веселба во Кичево се заразиле со коронавирус, ама во епидемиолошките прашалници никој не ја споменал забавата, дознава „Слободен печат“.

Невестата е наведена како контакт на позитивниот сопруг, а позитивна е и сопругата на братот на младоженецот.

Свадбата се одржала во приватенен стан на затворено, минатиот викенд. Присутни биле најмалку 30 луѓе во затворена просторија во стан, а Кичево, иако град во кој секој со секого се знае, ја нема регистрирано оваа церемонија како можен настан од кој се инфицирале барем двајца, а можно е и повеќе лица.

Центарот за јавно здравје Битола кој е надлежен за овој град, вчера регистрираше 18 новозаразени во Кичево, што претставува рекорд за градот.

Денеска има нови четворица позитивни. Меѓу вчерашните потврдени се наоѓал зетот. Неговата штотуку венчана сопруга е засега посочена како контакт. Во епидемиолошките прашалници никој не навел податок дека присуствувал или организирал свадба.

Веселбата, според нашите информации била одложувана подолго време, но на крајот семејствата не и одолеале на организацијата на настанот, за која одекнало низ градот но не доволно силно за да дознаат и епидемиолозите.

Комисијата за заразни болести од почетокот на летната сезона ги издржува притисоците на угостителите кои инсистираат и се закануваат со штрајк ако не им се дозволи организација на вакви веселби.

Здравствените власти се децидни дека организација на било какви собири во затворен простор, со голем број луѓе, без маски и без дистанца од 2 метри меѓу присутните, предиспозиции што по дифолт на прославите не можат да се исполнат, се огромен ризик за ширење на заразата.

Меѓутоа, ова воопшто не ги спречува граѓаните да ги организираат ваквите ризични прослави во домашни услови.

Таков бил и случајот со конкретната свадба, која се одржала во двор од семејна куќа, по што следело и развивањето на симптоматологија на ковид. Со самото тоа што на епидемиолошките прашалници не е наведено организирање на собир, на епидемиолозите им се врзани рацете за тоа да ги анкетираат присутните гости на веселбата и нивните контакти.

Се е оставено на добрата волја и искреноста на заразените, што честопати се покажува како ризична комбинација. Впрочем, во ЦЈЗ Битола, од каде што се надлежни за епидемиолошките анкети, воопшто не ни знаат дека имало свадба.

– Таков податок немаме добиено. Во два дена, вчера и завчера, има регистрирани 25 позитивни случаи на Ковид 19 во Кичево. Од нив половина дадоа податок дека имале контакт со позитивно лице, некој што е веќе регистриран од нивното потесно семејство, или ќерка, или син или болен сопружник. Значи станува збор за фамилии кои што се блиски и живеат заедно, не се подалечни роднини. Фактички станува збор за мали кластери. Другата половина од заразените не дадоа податок од каде се заразиле. Од 25 лица тројца се хоспитализирани. Останатите се со симптоматологија, температура, дијареа, главоболка и омалаксаност, велат од ЦЈЗ Битола за „Слободен печат“.

Пред неколку месеци на свадбена веселба во скопската населба Нерези со коронавирусот се заразија и младоженецот и невестата вработена во Лекарска комора. Од оваа конкретна свадба, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не успеа да обезбеди ниту еден контакт на заболените и на суспектните.

При задолжителната епидемиолошка анкета, тие не дале ниту едно име и презиме на нивен близок со кого комуницирале. Независно од тоа што големите веселби со различни поводи не се дозволени, тие наголемо се одржуваат.

Сезоната ја почнаа организаторите на матурските и полуматурските прослави, а ја продолжуваат свадбарите. Кога забавите беа одржувани во ресторани и специјализирани угостителски објекти за таква намена, тогаш пазарниот инспекторат можеше да влезе и да ги санкционира, а организаторите добиваа кривични пријави.

Но, откако граѓаните видоа дека скапо ќе ги чини организацијата во ресторани, се префрлија дома, каде ниту некој ги прекинува, ниту некој ги контролира.

Полицијата има законско овластување да ги разбива овие собири, но ретко го употребува.

The post КЛАСТЕР „Тајна мала свадба Кичево“: Корона фатил младоженецот, невестата е суспектна ама во анкетите не кажале „да не пукне брука“!? appeared first on Слободен печат.


КЛАСТЕР „Тајна мала свадба Кичево“: Корона фатил младоженецот, невестата е суспектна ама во анкетите не кажале „да не пукне брука“!? was first posted on август 12, 2020 at 4:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....