Вториот човек на кинескиот Црвен крст пристигна во Ломбардија за да им помогне на тамошните власти и доктори во борбата против коронавирусот.
Сун Шуопенг на прес конференцијата жестоко го критикуваше однесувањето на власта и на граѓаните.
,,Не знам што размислувате? Како така се однесувате“ -запраша шокираниот експерт.
“I don’t know what you’re thinking.” The head of a visiting Chinese Red Cross delegation helping Italy respond to the coronavirus crisis says the country is not doing enough to contain the virus pic.twitter.com/qF20zeHpde
— TIME (@TIME) March 20, 2020
,,Ситуацијата во Ломбардија е иста како што беше во Вухан пред два месеца. Со воведувањето на карантинот сега гледаме тренд на намалување на заболени“, рече Шуопенг.
Тој побара одговорност од сите и да се придржуваат до мерките.
,,Овде во Милано кадешто е ситуацијата најкритична, не постои карантин. Јавниот превоз функционира, луѓето се движат наоколу, се разонодуваат на вечери и забави во хотелите, не носат маски“, рече тој.
The post Кинески експерт ги предупреди Италјанците: Не знам што размислувате, како така се однесувате? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.