2.8 C
Скопје
19:27 - 23 декември, 2024

Ќе не изолираат како „Карантин држава“

Ако продолжиме со игнорирање на болеста и со непочитување на мерките, оваа година летување надвор од државата нема да видиме. Не само летување во Грција, туку ни викенд во Банско нема да има, а можеби дури ниту едно дневен шопинг во Врање. Едноставно земјите кои се водечки туристички дестинации нема да ни дозволат да минеме граница. Низ државите на Унијата пикот поминува и се отвораат, само кај нас пикот допрва следи и ни претстојат општински каратини.

Не сме свесни дека светот ќе не прогласи за КАРАНТИН ДРЖАВА и ќе не изолираат и од внатре и од надвор.

Не само затоа што сме опасни за себе, туку сме закана и за соседите па и пошироко.

Можеме да глумиме патриоти, дека сме нација со европски културолошки вредности, дека сме лулка на цивилизацијата, во сродство со Хунзите, деца на Александар, потомци на Клеопатра… Но всушност нашиот социо- културолошки врв е играње оро на улица за време на корона и лумпување во кафеана како израз на „слобода“ од укинување на полицискиот час.

Тоа е веројатно генетскиот код кој не „издава“ и по кој ќе не препознава светот од надвор.

Што друго може да се заклучи по однесувањето на добар дел наши сограѓани кои веднаш по одлуката за редуцирање на мерките за заштита, потрчаа во тазе отворените кафеани за да ја прослават „победата“ врз корона вирисот.

Очигледно кафеаната во Македонија сеуште се сфаќа како онаа од песната на Тома Здравковиќ „Кафана је моја судбина“! Таа се чини во низата места за култирно издигнување и како простор за социјализација претставува најдобро место за забава. И тоа на начин каде треба да се натрескаме до даска, да се качуваме по маси, да паѓаме у транс со српска турбо фолк музика, и согласно текстот од песната да „сечеме вени“ од јад за пропаднатата љубов.

Ете на тоа се сведе нашата прва потреба по редуцирање на мерките за заштита од короната вирусот и укинувањето на полицискиот час.

Тоа ти е базичен принцип на живот на нашиот народ. Да не поштуеш ни закон, ни држава, ни препораки, ни своето здравје, а ни здравјето на другите, туку да се однесуваш по сопствен инстинкт и убедување. Од тоа секако последици ќе трпиш и самиот, но за тоа вината нема да ја наоѓаш во себе, туку ќе ги обвинуваш сите други! Прво власта, па државата, па законите, па 5 џи, па ЦИА, и сите други странски и домашни институции…

Затоа кај нас нај јаки институции за почит се црква, џамија и кафеана. Таму мора да се појде по секоја цена. Само нема протокол каде прво треба да се влезе. Дали прво да се појде на јака теревенка у биртија, па потоа на молитва да бараш прошка за гревовите, или обратно.

Традицијата за масовно собирање по гости за Бајрам е посилна од закон и посилна од здравјето, причестувањето со една лажичка или Литија по улиците исто така. Непочитувањето на базичните здравствени принципи, недовреба во здравствените власти и во СЗО, потценувањето на последиците на болеста, живеење според принципот „гром во коприва не удира“, и мислата дека тоа им се случува на „другите“ доведе до зголемен број на заболени од ковид 19 како и на починати.

За сите оние кои сметаат дека Ковид 19 е само обична настинка низ која лесно ќе минат,

не дај боже да се разуверат во тоа на своја кожа!

The post Ќе не изолираат како „Карантин држава“ appeared first on Слободен печат.


Ќе не изолираат како „Карантин држава“ was first posted on јуни 1, 2020 at 9:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....