Шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за „360 степени“ вели дека неточна е изјавата дека во текот на летните месеци ќе го снема вирусот и ги критикуваше собирите и јавните настани каде се прекршуваат мерките.
„Колку свадби се имаат направено во тајност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратор. Меѓутоа, младите, исто така, заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе што починаа од 22 до 40 години“, вели Караџовски.
Тој бара придржување на мерките од младите и да размислуваат повеќе и на своите родители кои се повеќе подложни на вирусот.
„Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И догодина ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас“, вели Караџовски за „360 степени“.
The post Караџовски со порака до младите: Не лудувајте по забави, и догодина ќе бидете млади appeared first on Слободен печат.
Караџовски со порака до младите: Не лудувајте по забави, и догодина ќе бидете млади was first posted on септември 6, 2020 at 10:02 am.