Околу стотина родители и наставници се собраа во Монтреал, повикувајќи ја владата на Квебек да го промени планот за враќање на децата во училиштата, со надеж дека промената е сè уште можна пред да почне наставата.
Загрижените семејства и училишниот персонал вчера одржаа собир пред канцелариите на Министерството за образование во Монтреал, каде бараа построги мерки за безбедност во училиштата и повеќе можности за родителите, јавија канадските медиуми.
За разлика од покраината Онтарио, каде родителите на децата во основните и средните училишта можат да избираат меѓу училиште и учење дома, во Квебек, од децата се бара да одат на училиште освен ако немаат медицинско оправдување.
The post Канадските родители протестираат против почеток на наставата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Канадските родители протестираат против почеток на наставата (ВИДЕО) was first posted on август 24, 2020 at 8:47 pm.