21:40 - 22 декември, 2024

Како полека да го враќаме општеството во нормала додека трае ковид-19

Сите рестриктивни мерки што се преземени во целиот свет за справување со ковид-19 се, речиси, на слепо, гледаат на краток рок и не ги земаат предвид долготрајните последици – општествени, егзистенцијални и економски.

И кога се бориш со непознат непријател, така треба и да биде – да реагираш бурно, краткорочно, да го ставиш здравјето во прв план, преку сите можни капацитети. Но понатаму треба да почнеш да правиш паметни долгорочни стратегии, коишто не само што ќе ја намалат трансмисијата на вирусот, туку ќе ги земат предвид и заболените од други хронични болести, ќе ја земат предвид економијата и егзистенцијата на демосот.

За да се направи долгорочна стратегија (да се запознаеш со непријателот), таа треба да биде базирана и раководена од податоци (data driven). Но за да биде раководена од податоци, треба тие податоци некако да се соберат. Треба да се постават инфраструктурни столбови за максимално собирање и користење на тие податоци. Според мене, ова треба за ковид-19.

1.Треба да се организираат десетици, ако не и стотици пунктови за земање брисеви, фиксни и мобилни. ПЦР-базираните тестови да станат дел од секојдневието – сѐ додека не се креираат побрзи (но доволно точни) тестови, базирани на антигени што исто ќе го детектираат вирусот. Може да се прави и pooling на примероци. ВАКА ЌЕ ДОЗНАЕМЕ КОЈ, КОГА и ВО КОЈ ДЕЛ ОД ДРЖАВАТА ГО ИМА ВИРУСОТ.

2.Бидејќи со првиов пристап ќе се пропуштат дел од индивидуите што се позитивни, кога бројката на позитивни пациенти во една нација ќе стане поголема од 5 отсто (според горните податоци) – да се почне со тестови за евалуирање на имун одговор против вирусот. Со серолошки тест со сензитивност од 90 отсто и специфицитет 96 отсто и преваленца во популација на ковид-19 од минимум 5 отсто, ќе знаеме дека барем 50 проценти од позитивните тестови со овој пристап се навистина позитивни. ВАКА ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЈ РАЗВИЛ ИМУН ОДГОВОР НА ВИРУСОТ.

ДА СУМИРАМ. Со 1 и 2, ќе знаеме бројка на луѓе кај кои е детектиран вирусот и бројка на луѓе што имаат имун одговор на вирусот.

3. Да се утврди луѓето од 1 и 2 во кои возрасни категории спаѓаат, во кои градови и населби живеат, во каква здравствена состојба се наоѓаат и кои биле последиците од инфекцијата. ТАКА ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЈ Е ПОСКЛОН И КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ НОСИ ИНФЕКЦИЈАТА.

4. Најважно е сега податоците од 1, 2 и 3 што ќе бидат динамични и постојано ќе се апдејтираат, да се стават во дигитална апликација (анонимизирано) и според нив и математички модели да се утврди кои градови, села или населби, згради или компании, треба да одат под привремен lockdown. ТАКА ЌЕ ИМАМЕ ПОРАФИНИРАНА И ПОТАРГЕТИРАНА КОНТРОЛА ВРЗ СИТУАЦИЈАТА.

5. Да се следат овие принципи сѐ додека не се стекне колективен имунитет, природно или со вакцинација (или комбинација на двете).

Есенцијално за сето ова е да се изгради инфраструктура (не само за оваа, туку и за следни пандемии и епидемии). Есенцијално е да знаеш кои аспекти од општеството да ги контролираш во единици време за да не крахира економијата.

Да не се ПОЛИТИЗИРА, да се РЕАГИРА. Колку нашиве шутпетковци се компетентни да го направат ова, не сум баш сигурен.

(авторот е главен директор за технологија на „Био инженеринг“ ДОО и соосновач и главен истражувач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје).

The post Како полека да го враќаме општеството во нормала додека трае ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....