2.8 C
Скопје
14:30 - 24 декември, 2024

Како операцијата на американските платеници во Венецуела се претвори во вистински дебакл?

Инвазија, обид за државен удар, терористички напад или просто луда мисија осудена на пропаст?

Паравоената операција која војската на Венецуела ја запре минатата недела би можела да се опише како се од наведеното, зависно од перспективата.

Меѓутоа, целта била јасна: Да се упадне во Венецуела, да се заземе претседателската палата и блиската воена база, да се киднапира венецуелскиот претседател Николас Мадуро и со авион да се префрли во САД.

Сега е јасно дека од почетокот се работело за невозможна мисија, со смешно неадекватен број на луѓе, опрема, логистика и планирање. Прилично е реално и дека венецуелскиот режим одамна знаел за мисијата и потполно спремно ја дочекал „инвазијата која се состоела од два рибарски бродови со само 60 луѓе.

Организатор на операцијата – бивши член на „Зелените беретки“ Јордан Гудрау

Организаторот на целата операција, бивши припадник на американската специјална воена единица „Зелените беретки“, Јордан Гудрау (43) подоцна рекол како неговите луѓе повраќале на цел пат од Колумбија заради брановите и речиси останале без гориво пред да стигнат на брегот на Венецуела.

Ќе било подобро да не стигнеле, бидејќи во краток судир биле убиени осум венецуелски бунтовници, а уште 34 биле заробени, вклучувајќи двајца бивши американски специјалци, Лук Денман (34) и Аиран Бери (41), бивши соборци на Гудрау. Тие двајца, во снимката која ја емитувала венецуелската телевизија признале дека учествувале во мисијата на киднапирање на Мадуро и негово пренесување во САД, каде е обвинет за „наркотероризам“.

Денман признал и дека Американците ги следеле наредбите на американскиот претседател Доналд Трамп, иако можно е неговото признавање да било изнудено. Тој рекол дека очекувал дека ќе му биде платено 50.000 до 100.000 евра за неговата улога во пучот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео коментираше минатата недела дека американската влада не била вмешана.

„Нашите единици се активирани на југот, западот и истокот во Венецуела“, рекол тој на снимката.

Но, операцијата во тој момент веќе пропаднала. За нејзината несериозност најдобро сведочи тоа што американската агенција АП два дена претходно објавила репортажа за неговиот пропаднат план на отстранување на Мадуро. Ако венецуелските разузнавачки служби не ги инфилтрирале веќе бунтовниците во Колумбија и ја откриле заверата, доволно било само да читаат весник.

Со тоа во вид, најголемата мистерија на бизарната „Операција Гидеон“, како што Гудреу нарекол е: зошто не е откажана кога било јасно дека се работи за невозможна мисија? И кој навистина стои зад неа?

Гуаидо склопил договор со американскиот платеник па го откажал?

Ј. Ј. Рендон, венецуелски политички стратег кој Мадуро го протера од земјата во 2013 година, а кандидатот за претседател на Венецуела кој ужива поддршка од САД, Хуан Гуаидо го ангажирал да го води тајниот Стратешки комитет за преземање на власта тврди дека Гуаидо склучил договор со Гудрау минатиот октомври, но го откажал неколку денови откако го потпишал.

Гуаидо и неговите соработници, наводно набргу изгубиле доверба во Гудрау заради неговото се побизарно однесување и бидејќи барал 1,5 милион долари пред акцијата, без никакви гаранции дека ќе биде во состојба да го изврши ветеното, објаснил Рендон.

Бивши американски специјалец: Ми беше јасно дека американската влада не го одобрила тоа

Ефраим Матос, поранешен американски специјалец кој го посетил кампот каде бунтовниците се подготвувале за пучот вели дека доволно било да го погледна ексцентричниот Инстаграм профил на Гудрау за да заклучи дека „тој не е некој кој американската влада би го одобрила“.

„Многу се сомневав во тоа дека го поддржува американската влада. Луѓето со кои бев немаа ниту доволно храна“, додаде тој.

Зошто тогаш Гудрау и неговите платеници, и покрај сето тоа, продолжиле со операцијата? Одговорот веројатно се крие во неодамнешното прогласување на американското министерство за надворешни работи за награда од 15 милиони долари за оние информации кои можат да помогнат во приведувањето на Мадуро заради наркотероризам.

Со други зборови, Гудрау можеби заклучил дека ако Гуаидо нема да му исплати надомест кога ќе дојде на власт заради него, ќе може да смета на награда од американската влада.

The post Како операцијата на американските платеници во Венецуела се претвори во вистински дебакл? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....