2.8 C
Скопје
11:49 - 23 декември, 2024

Како коронавирусот би ја променил политичката слика во Европа

Големата криза која ја предизвика коронавирусот би можела трајно да ја промени политичката слика на Европа и да зададе голем удрар на популистите, пишува порталот Форин полиси.

Најдобар пример за тоа е италијанскиот десничар Матео Салвини и неговата партија Лига, која на почетокот кризата ја користеше за да се зголеми ксенофобијата во Италија. Салвини, на социјалните мрежи споделувал видеа на кои се гледало како доаѓаат мигранти во Италија и твдел дека тие се виновни за проширувањето на корона вирусот во Италија. Тој како и десничарите во повеќе европски земји, се залагале за затворање на границите и ограничување на движењето низ Европа како додатен аргумент за омаловажување на унијата.

Но со долготрајноста на кризата како и последиците од неа, невистинитоста во овие аргументи на Салвнини, почнале да стануваат се појасни, а поддршката да опаѓа

Оваа паднемија ги руши традиционалните убедувања на популистичките партии кои за оваа криза, за разлика од онаа во 2008 година, не можат да ја обвинат владејачката елита.. Овој вирус, за многу кратко време, барем привремено, ги обедини сите општествени групи и ја избриша поларизацијат, затоа што не бира кого ќе нападне.

Пандемијата ја враќа довербата во владејачките структури

Пандемијата ја враќа вербата во стручноста и „маинстрим“ политиката, а граѓаните имаат се помалку доверба во популитите кои во целиот свет несоодветно изреагираа за време на кризата. Нивната реторика е празна, програмите немаат длабочина, а ниските страсти со кои се обидуваат да се здобијат со поголема поддршка, во оваа криза воопшто „не палат“.

Поддршката кон партијата на Ангела Меркел (ЦДУ) расте од ден во ден, бидејќи Германија, во однос на бројот на жители, многу добро се справува во борбата со корона вирусот и има драстично мал број смртни случаи со најголемите европски земји.

Корона вирусот дефинитивно ќе ја промени политичката слика во Европа, а многу популистички паартии ќе доживеат тежок удар, но тоа не значи дека тие ќе исчезнат. Иако партијата на Салвини ја губи поддршката, радикалната десница во италија е посилна. Прерано е да се извлече заклучок дека падот на поддршката за популистите автоматкски ќе значи и пораст на поддршката за владијачката гарнитуара бидејќи економските последици од кризата повтроно ќе бидат погодно тло за популистите.

Истражувањата низ историјата покажаа дека во време на голема криза расте поддршката за поплистичките партии, но сите се сложуваат дека оваа криза е различна од сите досега. Популистите ќе мора да ја прилагодат својата политика и реторика на ново настатнатат ситуација. Корона вирусот ги обедини луѓето од различни полови, општества, во речиси сите земји, но ја разедини Европа, што е нова област на која популистите ќе може да изградат своја програма. Италија беше првата земја која сакаше да ги активира мерките на европска солидарност, но кога тоа го направи, ниедна земја не и излезе на помош. Некои земји го забранија извозот на ресурсите клучни во борбата со корона вирусот, границите повторно беа затворени и според последните анкети 67 отсто од Италијанците сметаат дека останувањето во унијата е лошо за нивната земја. Во ноември 2018 година за ова се изјасни 47 отсто од населението. Доколку продолжат поделвите меѓу земјите членки, популистите ќе добијат повеќе простор за зголемување на своите бази. Тоа може да се види и од примерот на ултра десничарските партии чија поддршка во време на корона вирусот порасна.

Диктаторски режими

Кризата во некои земји го зајакна авторитетот на владејачките партии, како во Унгарија. Виктор Орбан практично доби диктаторски овластувања кои му ги овозможи парламентот. Орбан сам може да носи одлуки, а со пет години затвор може да го казни секој новинар за кој тој ќе заклучи дека не ја кажува вистината.

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Дури и во Велика Британија изгласан е закон според кој владата има многу поголеми овластувања со кои може да забрани јавни собири на неопределено време. Во голем број земји во ЕУ и во светот владите размислуваат да воведат надзор врз движењето на граѓаните со оправдување дека на тој начин сакаат да го спречат ширењето на корона вирусот, со што се доаѓа до многу тенка линија помеѓу мешање во приватноста и борбата со кризата.

„Форин Полиси“ тврди дека сеуште е рано да се процени дали нарушувањето на темелите на популистите ќе значи зајакнување на либералната демократија. Од почетокот на воведувањето на иззолација во земјите членки на ЕУ се повеќе зајакнува вропската соработка. Франција и донираше на Италија милион маски, болниците во Германија превземаат заболени од Франција и Италија, а европската унија одобри сто милијарди евра помош за најтешко погодените земји. Доколку Европа по оваа криза ја препознае важноста од единствоот на своите членки и дополнително ја зајакне довербата на граѓаните во институциите, ЕУ би можела да влезе во пост постпулистичка ера.

The post Како коронавирусот би ја променил политичката слика во Европа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....