6.8 C
Скопје
11:58 - 16 ноември, 2024

Како изгледаат моментално достапните тестови за коронавирус?

„Имаме едноставна порака за сите држави – тестирајте, тестирајте, тестирајте“, рече Тедрос Адханом Гебрејесус минатиот месец во Женева за мерките за борба против пандемијата од новиот коронавирус.

Здравствените експерти од целиот свет го поддржаа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), велејќи дека најдобар начин за борба против пандемијата е да се „исправи кривата на пренос“ за да се спречи остар скок во бројот на случаи како во Италија и Шпанија.

Гебрејесус и другите експерти се сложуваат дека со масовното тестирање на Ковид – 19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, би се овозможило да се изолираат позитивните случаи и би се помогнало да се идентификуваат оние кои доаѓале во контакт со нив, што би помогнало да се намали натамошното пренесување.

Но како се прави тестирање и како тоа помага?

Најчесто користени тестови за коронавирус се тестови на база амплификација на нуклеинска киселина (НААТ), кој го препорачува СЗО и кои го откриваат вирусот САРС-Ков-2, одговорен за болеста Ковид-19.

Примерок обично се зема од горниот респираторен тракт, користејќи назофарингална техника на земање брис – при која примерок се зема од грлото и носот и кој содржи мешавина од слузница и плуканка.

Примероците се носат во специјализирана  лабораторија и се тестираат на САРС-Ков-2, користејќи се со обратна транскрипција на помимеразната верижна реакција (rRT-PCR) во реално време – метода користена за да се открие присуството на „специфичен генски материјал на патогенот“ .

„Од угледните лаборатории, овие НААТ тестови се многу веродостојни“, изјави за Ал Џазаира Ана Валд, шефица на Одделението за алергиски и заразни болести на Универзитетот во Вашингтон.

Таа рече дека, иако техниката е добра и не гарантира никакви подобрувања, едноставо „ја нема доволно“.

Процесот на тестирање може да трае три до четири часа, а резултатите им се достапни на пациентите за неколку дена во повеќето држави.

Серумски тестови

Серумските тестови се користат за да се откријат антитела присутни во крвниот серум

Антитела се протеини кои произведуваат бели крвни зрнца за да се борат против туѓите тела, како што се антигените.

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Според наводите на Универзитетот „Џон Хопкинс“, „серумот уклучува антитела од специфични компоненти на патогенот, кои се нарекуваат антигени, кои имунолошкиот систем ги препознава како туѓи и кои ги напаѓа имунолошкиот одговор“.

Според мислењето на авторите од неодманешната студија, која се уште не е оценета од колегите, серумските тестови можат да помогнат да се открие стапката на зараза во заедницата и така да се одреди стапката на смртност од таа болест.

Таа студија, исто така, тврди дека тој тест може да помогне да се идентификуваат поединци кои развиле антитела на вирусот САРС-Ков-2, овозможувајќи им да служат како донори на оние кои се моментално заразени со болеста Ковид-19.

Некои сметаат дека е прерано да се каже колку точно се ефикасни серумските тестови во борбата против Ковид-19.

„Се уште не е јасно дали тие ќе бидат револуционерни во овој момент“, рече за Ал Џезаира Валид Џаваид, директор на Оддлението за превенција и контрола на заразните болести во болницата Маунт Синаи во Њујорк.

„Серумските тестови говорат за можна зараза или изложеност во минатото, но не и дали сте моментално заразени“, вели тој.

Моментално серумските тестови се во развојна фаза и за комерцијална и за некомерцијална употреба и само малку држави, како што се Кина и Сингапур, го користат овој вид тестирање на коронавирус.

Дали се можни резултати за 15 минути?

На втори април американската Администрација за храна и лекови го одобри првиот серумски тест кој го разви биотехнолошката компанија Cellex и кој тестира антитела на коронавирусот од крв од прст.

Од таа компанија тврдат дека нивниот тест може да открие дали лицето има Ковид – 19 за приближно 15 минути.

Во поголем дел од светот на коронавирус се тестираат постари од 65 години и тешко болните пациенти.

Многу луѓе кои имаа поблаги симптоми веројатно нема да бидат тестирани во државите како што се САД, често поради недостаток на сетови за тестирање.

СЗО препорача, дека лицето ако е позитивно, важно е брзо да ги идентификува оние кои биле „во близок контакт до два дена пред развивањето на симптомите и да се тестираат тие луѓе“, но само они екои покажуваат симптоми.

Во повеќето држави тестирањето на коронавирус се одвива во специјализирани лаборатории и медицински лаборатории и медицински установи, како што се болници и клиники.

Меѓутоа во текот на изминатите седмици некои држави како што се Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Кореа отворија центри за тестирање надвор од традиционалните болнички установи.

Во Јужна Кореа многу градови почнаа да одобруваат тестови кои ги прават покрај пат и се фалат дека го „скратиле“ времето за тестирање за отприлика третина, додека истовремено го смалиле ризикот од зараза со вирусот, со оглед на тоа дека лицата се тестираат во своето возило.

Во Бангладеш тестот чини три долари

Целиот процес трае десетина минути.

„Таканаречениот drive-through начин на тестирање (на лице кое е во автомобил му се зема примерок) е развиден за да се надмине гужвата во земањето примероци“, рече за Ал Џезаира Ли Хјук – Мин од Медицинскиот факултет при универзитетот Џонсеи во Сеул.

„Тоа е добро решение за брзо земање примероци. Во Јужна Кореа земањето примероци одзема премногу време поради биосигурносните прашања за да се заштити здравствениот персонал. Значи, не можеме да направиме доволен број тестови дури и со претходното проширување на лабораториските капациетети“, додаде тој.

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Неколку компании во САД тврдат дека креирале сетови за тестирање на коронавирус дома.

Меѓутоа, американската Администрација за грана и лекови истакнува дека не „одобрила никаков тест достапен да може да се купи за тестирање на Ковид – 10 дома“.

Истражувачите во Бангладеш произвеле сет за тестрирање во домашни услови за кој велат дека може да открие антитела на САРС-Ков-2 за 15 минути.

Тие тестови, кои владата на Бангладеш ги одобри за производство чинат три долари парче.

Домашните тестови се „помалку сензитивни“

Истражувачите во Сенегал од крајот на март најавија нов куќен тест на коронавирус, кој чини приближно долар и може да открие активна зараза со помош на брис од плунка, или претходно неоткриен случај со помош на тест од крв од прст, кој идентификува антитела на вирусот.

Експерт за заразни болести на Универзитетската здравствена мрежа во Торонто Абду Шаркави верува дека домашните тестови ќе овозможат значително пошироко тестирање.

Но, додаде дека домашните тестови веројатно ќе бидат „помалку сензитивни од лабораториските“.

Германија и Јужна Кореа се фалат поради нивните настојувања за агресивно и масовно тестирање на популацијата на коронавирус, а Германија тврди дека има капацитет да тестира 500.000 луѓе неделно.

Меѓутоа за многу држави, посебно за оние со средни и мали примања, масовното тестирање не е можно.

„Мислам дека единствени предизвици во државите со средни и мали праимања, од кои многу се препознаени како оние со тешко бреме за други болести, поврзани со непостоење на финансиски безбедносни мрежи“, рече за Ал Џезаира Маја Лесоски од Универзитетот во Кејптаун.

Појаснувајќи натаму, рече дека изборот да се спроведе масовно тестирање на новата болест би можела да го однесе „капацитетот да се дијагностицираат или да се лекуваат постоечките болести“.

„Се е можно кога има тестови“

Во контекст на нејзината држава, Јужноафриканската Република, една од најтешко погодените во Африка рече дека тоа е голема држава и дека не се сите предели лесно достапни, што „директно преставува логистички предизвик за пристигнвуање до оддалечените заедници за да се обезбеди тестирање“.

„Се е можно со доволно количество средства“, изјави таа, додавајќи дека во недостаток на средства „користа од масовно тестирање треба внимателно да се вага во однос на потенцијалните негативни ефекти“.

Таа дури и нагласува: „Масовното тестирање може да биде корисно само ако поблиску е поврзано со програмите на јавното здравство за да се ограничи натамошното ширење“, како што се одвоени установи за тестирање и лекување и рестрикции на јавни собири.

„Ова може да биде најголем предизвик таму каде што се здравствените системи помалу отпорни“, додаде таа.

 

The post Како изгледаат моментално достапните тестови за коронавирус? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....