2.8 C
Скопје
20:04 - 18 декември, 2024

Како до економски мерки погодни за сите!

Граѓаните седат дома во изолација, фирмите не работат или се во слободен пад, тоа е во два збора здравствено-економската состојба во земјава и во светот. Свесна за последиците Владата подготвува сет од мерки за закрепнување на економијата, но и за заштита на вработените од отпуштања како една од меркита по која посегнуваат фирмите за да ги покријат загубите кои ги создаваат како последица од корона вирусот.

На кого попрво да помогне владата, и на кој начин. Помош бараат сите и вработените и работодавците и администрацијата.

Се чини главниот фокус на двете најголеми партии и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ е заштита на работниците по сите основи, со оглед на фактот што и едните и другите најмногу напор вложија во изминативе децении токму во намалување на невработеноста која во еден период достигаше и до 40 проценти од населението.

На конец виси моментот кога компаниите, мали или средно големи ќе попуштат и ќе почнат со „рационализација“ односно да се ослободуваат од дел од вработените. Се разбира тоа е меч со две острици зашто како што велат дел од искусните бизнисмени:
-Првенствено мора да се најде начин да се задржи работната сила, а дополнително се очекуваат плус мерки од Владата, бидејќи досега имаме вложено многу во нивните капацитети и знаења. Ако сега ги отпуштиме кој ќе ни гарантира дека по кризата тие се уште ќе бидат присутни на пазарот на труд или дек ание ќе ги донесеме кај нас. Така што задржување на вработените во овој момент е мнопгу важно иако ова се трошоци за нас како компании, вели за Слободен печат Витор Мизо од Костал.

За други пак не е прашање дали ќе има кратење на платите и трошоците туку кога тоа ќе се случи и колку ќе биде во крајни износи.

Како одговор на дилемите со кои се соочуваат компаниите Владата веќе излезе со сет мерки од кои ќе потсетиме само на неколку:
Првата мерка се однесува на директна финансиска подршка на ликвидноста кај микро, малите и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија. Обезбедени се вкупно 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, односно компании чија што економска активност е погодена од коронавирусот. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра.
Дополнително, развојната банка на Северна Македонија ќе пушти 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки во износи од 3,000 до 90.000 евра со севкупна камата не поголема од 1 %, за фирмите погодени со кризата.

Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати за да се зачува секое едно работно место! Затоа се предвидува субвенционирање на придонесите за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеди по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година“, предлага вице премиерката Мила Царовска.
Условите за користење на оваа мерка се следните: Компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020та година, и ова да важи од денот на користење на мерката;

И партиите одделно излегоа со свои предлози за справување со кризата.
Според СДСМ државата треба да обезбеди Минимална плата за април и мај, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата, а фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок. Секако останува правото на фирмата на своите вработени да даде и поголема плата од минималната нешто што и ќе го очекуваме. Но и за СДСМ е важно фирмите кои ќе аплицираат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.
ВМРО ДПМНЕ пак предлага итно замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април. Владата мора да ја преземе обврската и да ги сторнира и плати каматите по однос на кредитите на компаниите за месец март, а доколку продолжи кризата и за месец април. ВМРО-ДПМНЕ предлага државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата.

Во сите овие предлози за закрепнување на стопанските субјекти не треба да се заборават и медиумите врз кои кризата неминовно донесе големи проблеми во финансирањето и стабилноста која се обезбедува преку огласување на компаниите. Во дадените услови видливо е дека постои значителен број прекинати или одложени огласувачки кампањи во медиумите.
На ова особено се осврнува Борис Ефтимовски претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.
Според него посебен сегмент од медиумската понуда во Македонија преставуваат онлајн медиумите, кои во огромен процент се застапени кога станува збор за медиската конзумацијата и дневно потрошеното време за нивно следење. Тие заедно со телевизиите се примарен извор на информирање на граѓаните. И пред кризата, онлајн медиумите (порталите) се “бореа” за да останат на пазарот со оглед на минорните буџети кои ги добиваа од огласување, а во оваа ситуација нивната борба станува исклучително тешка и неизвесна.

-За поздравување се обидите институциите некако да ги помогнат другите типови на медиуми во оваа ситуација, на пример иницијативата за поддршка со 103 милиони денари кои АВМУ одлучи да ги додели на радиодифузерите за интервентно спроведување со последиците од ситуацијата со коронавирусот или пак од претходно, иницијативата за поддршка на печатените медиуми, но никако не смееме да дозволиме да ги изгубиме и онлајн медиумите кои засега не се опфатени со никаква иницијатива за директна поддршка и не постои никаков фонд кој би можел да направи интервентна подршка за нивната егзистенција, вели Ефтимовски.

Засега онлај медиумите влегуваат само во пакетот помош предложена во мерките на СДСМ со кои се предвидува За сите информативни дејности, медиумски куќи, владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.

The post Како до економски мерки погодни за сите! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....