4.8 C
Скопје
02:14 - 26 декември, 2024

Јовановиќ: Италија ги суспендираше сметките за струја, Македонија ја зголеми цената иако има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски информираше дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

Оваа одлука предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

-Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

The post Јовановиќ: Италија ги суспендираше сметките за струја, Македонија ја зголеми цената иако има највисока сиромаштија и невработеност во Европа appeared first on Слободен печат.


Јовановиќ: Италија ги суспендираше сметките за струја, Македонија ја зголеми цената иако има највисока сиромаштија и невработеност во Европа was first posted on јули 31, 2020 at 5:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....