Поранешниот премиер Никола Груевски денеска во Кривичниот суд во процесот „Насилство во Центар” е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, додека екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Александар Трајковски, Дарко Стојлевски, Трајче Петковски, Игор Бошковски и Даниел Трифуновски добија условни казни.
Ова е првостепената пресуда за случајот „Насилство во Центар“. Груевски и Јанакиески во предметот се гонеа како поттикнувачи на насилните протести пред просториите на Општина Центар во јуни 2013 година, а другите беа дел од обвинението како директни учесници на протестите.
На пресудата сега осудените имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје. Ова е втора пресуда за Груевски, а прва за Јанакиески.
ВО ЖИВО: Пресуда за Јанакиески и останатите во случајот „Насилство во Центар“
Publiée par Sloboden Pecat sur Mardi 29 septembre 2020
The post Јанакиески доби условна казна за „Шамарите во Центар“, а Груевски година ипол затвор appeared first on Слободен печат.
Јанакиески доби условна казна за „Шамарите во Центар“, а Груевски година ипол затвор was first posted on септември 29, 2020 at 12:38 pm.