6.8 C
Скопје
15:32 - 26 декември, 2024

Изневерена доверба: Вирусот создаде јаз меѓу РПЦ и државата, свештениците ги нарекоа мерките на Путин „ѓаволска работа“

Иако манастирите на Руската православна црква се под „опсада“ од коронавирус, свештениците се противат на државните рестрикции за собирање на луѓе во храмовите. Студентот по физика од Москва, Дмитри Пелипенко стана монах во 2018 година во манастирот Свето тројство – Свети Сергеј, духовниот центар на РПЦ. По православниот Велигден тој на 24. април е тестиран позитивен на коронавирус, па го скрши прозорецот и излезе надвор, по што себеси жив се самозапали. Почина од изгорениците два дена подоцна.

Од неговиот манастир брзо вината ја префрлија на „менталното заболување“, меѓутоа некои се запрашаа дали апокалиптичното расположение кое ги стега руските цркви во екот на пандемијата влијаело на неговата ментално состојба, во земја во која некои верски лидери ги доведоа во прашање државните рестрикции како ѓаволска работа.

Патријарх Кирил/ Фото: ЕПА

Ширум светот религиозните верници најмногу се бунат против правилата за забрана за јавни собири, сметајќи го тоа како кршење на религиозните права. Судирот меѓу верата и јавното здравје најмногу е изразен во Русија, каде сеќавањата на религиозните чистки од времето на Советскиот Сојуз и натаму се живи, пишува Њујорк Тајмс.

Овој јаз отиде понатаму од вообичаената кавга меѓу либералите и конзервативците, проширувајќи се на дефинираната карактеристика на руското православие во земјата под власта на Владимир Путин – доверба и поддршка во руската држава.

Москвa/ Фото: ЕПА

Како што инфекцијата се прошири во руските храмови и други свети локации, православната црква соочена е не само со здравствена криза туку и со внатрешен јаз околу тоа како верниците да се носат со пандемијата.

Руската црква – токму како и државата – има ригидна хиерархија, што значи дека дури и свештенциите кои ја сфаќаат потребата од запирање на богослужбите не можат тоа да го направат без благослов на бискупите, а бискупите не можат да делуваат без инструкции од патријархот Кирил.

Повторно како и државата, и црквата има внатрешни судири поради што многу верници не се сигурни кому да му веруваат додека бројот на инфекции во земјата расте – во Русија моментално има 187.859 заболени и 1.723 смртни случаи.

„За жал, очигледно е дека нема единство во црквата во однос на она што се случува“, напиша група верници во отворено писмо до патријархот Кирил минатата недела.

Затворена црква Мајка Богородица во Москва/ Фото: ЕПА

Тие укажаа дека некои свештеници заговараат дека е невозможно да се зарази некој во црква, па побараа водство. Кога Кремљ стана загрижен поради ширењето на епидемијата, патријархот Кирил, близок сојузник на Путин кој во раната фаза од пандемијата се возеше во црно комбе мерцедес по автопат ширејќи благослови, ги повика верниците да не одат на велигденски литургии, наведува Њујорк Тајмс. Но, тој им остави на локалните епархии да одлучат дали ќе држат служби – а многу одржаа. Според податоците црквите во текот на Велигден во Русија биле отворени во 43 од 85 региони.

Патријархот Кирил во црно комбе шири благослови во Москва Фото: Профимедиа

Ширењето на заразата ги фрли во сенка и плановите за отворање на огромни катедрали посветени на руските сили, закажани за 9 мај, по повод 75. годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, која би требало да содржи мозаик на Путин, неговите министри за одбрана и другите фигури, вклучувајќи го и Сталин. Меѓутоа среде тензиите меѓу црквата и државата околу пандемијата, на барање на Кремљ отстранет е мозаикот на Путин, а отворањето е одложено.

Наместо да ги поддржат државните мерки за забрана на собири во црквите, многу свештеници се жалат наведувајќи дека државата нема право да се меша во тоа кој доаѓа на богослужба. Митрополитот Лонгин од Саратов предупреди дека обесхрабрувањето на јавните црковни служби само ги оживува болните спомени на репресија на СССР и се закани со клетва на оние кои  принудуваат или почитуваат рестрикции.

-Дојде до вистинско кршење на довербата – рече уредничката на „Источно-западниот црковен извештај“ Џералдин Фаган.

Откако се појавија случаи на зараза во Москва, патријархот Кирил издаде наредба минатата недела манастирите во руската престолнина и парохиите да имаат „лична одговорност“ при придржувањето до државните инструкции наменети за борба против пандемијата. Тој предупреди дека свештениците кои ги игнорираат здравствените власти би биле соочени со судење пред црковниот суд ако нивната непослушност доведе до смртни случаи.

Катанци на влезот во црква во Москва Фото: EPA

Видно во страв дека ќе ги вознемири традиционалните умови на свештениците кои доминираат во црквата, патријархот до сега презеде формалната дисциплинска мерка само против еден свештеник, релативно либералниот Андреј Кураев, кој го исмеваше шефот на Московската катедрала дека уморел од вирус како „глупав кариерист“, укажува Њујорк Тајмс.

Од Велигден црквите и манастирите под надлежност на РПЦ пријавија бран на инфекции и во Русија и во соседна Белорусија и Украина. Повеќе од 200 луѓе се заразени и околу манастирите во регионот на Нижни Новгород, вклучувајќи и 70 монахињи. Манастирот Света Елизабета во Минск конечно е затворен минатата недела, после повеќе позитивни тестови меѓу свештениците и монахињите.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и Патријархот Кирил Фото: ЕПА

Некои свештеници делуваа во раната фаза од ширењето на пандемиајта, па така во март црквата Свети Козма и Дамјан во Москва ургираше до верниците да ја следат богослужбата онлајн. Тоа не спречи да се заразат свештеници во црквата.

Еден од најтешко погодените од коронавирусот беше Манастирот пештера во Киев, каде од почетокот на април украинската Национална гарда го блокираше влезот во комплексот. Додека се затвори манастирот, беа инфицирани 142 свештеници и посетители, според градоначалникот на Киев.

The post Изневерена доверба: Вирусот создаде јаз меѓу РПЦ и државата, свештениците ги нарекоа мерките на Путин „ѓаволска работа“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....