1.8 C
Скопје
01:45 - 24 декември, 2024

Измените во системот за евиденција на здравствените услуги ги скара ФЗО и матичните лекари

Рак рана на нашиот здравствен систем е тешкото и комплицирано остварување на здравствената услуга, препраќање од еден на друг лекар, од што не се задоволни ниту пациентите, ниту лекарите. Во рамките на реформите кои се прават со цел да се решат актуелните проблеми од почетокот на овој месец, Фондот за здравствено осигурување го пушти во функција изменетиот систем за евиденција на здравствените услуги, т.н Шифрарник на основни здравствени услуги, во кој се внесуваат здравствени услуги кои лекарите ги даваат на пациентите. Лекарите реагираат дека шифрите како што сега се направени покажуваат што ФЗО смета дека треба одредена услуга да вклучува, а не што реално има потреба да се дава на пациентот како услуга.

Општите матични лекари сметаат дека треба да има промени во овој документ, но прво треба да се променат и протоколите за упатување на пациентите на специјалист и режимот за препишување на лекови. Според нив, проблематично е и тоа што овие промени се прават во време на епидемија кога тие имаат дополнителни работни обврски поврзани со пациентите заболени од новиот вирус, како и обврската да се достапни за телефонски консултации со цел да не се создаваа поголема концентрација на болни во ординациите.

– Ние бараме да ни се дозволи кога пациент ќе дојде кај нас да можеме да му направиме се она што неговата здравствена состојба го бара и се тоа да евидентираме, а не само тоа што ФЗО смета дека треба да се направи – велат лекарите.

Тие објаснуваат и дека е смешно да не може да препишат лек на пациентите кои имаат лабораториски наод за нарушување на работата на тироидната жлезда (хипотироза), а смеат да го пратат пациентот на испитување или пак да дадат рецепт за покачени маснотии во крвта, проблем со кој се соочуваат многу пациенти.

Докторите објаснуваат и дека со овие реформи мора да се најде начин да се обезбеди фиксна сигурна плата за сите матични лекари без разлика во кој дел од државата работа.

– Имаме делови од државата каде поради иселувањето има многу малку население, но и тоа што е останато без разлика на неговата бројка има право да добие здравствена заштита. Затоа мора и тој лекар што ќе одлучи да дава услуги во овие делови на државата да има пристојна заработувачка, во спротивно сите ќе дојдат во Скопје и никој нема да сака да работи во малите места – велат лекарите.

Не треба, велат тие, да се наоѓаме во ситуација тие да ги праќаат пациентите на пример на трансфузиолог, а тој да ги враќа со оправдување дека за кај него упат треба да им даде интернист.

Новиот шифрарник предизвика негативни реакции кај колегите, велат и од Здружението на приватни лекари.

– Шифрарникот за кој зборува ФЗО не е уште завршен, протоколите за упатување на пациенти и режимот на лекови не се променети. Тие три работи мора да одат паралелно. Важно е и во овие реформи да се дадат поголеми ингеренциите на матичните лекари како би можело тие да ги решаваат проблемите на пациентите на примарно ниво, за да се растерети секундарното и терцијарано ниво кое ќе може да се занимава со комплицирании случаи и наука – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека со реформите кои ги прават треба да има подобрување на превентивата на примарно ниво на здравствена заштита; дефинирање и примена на стандарди за обезбедување услуги согласно медицина базирана на докази – изготвување на упатства и протоколи; поттикнување на вложувањето во технички, материјални и човечки ресурси; поттикнување на справување со одредени состојби на примарно ниво и намалување на степенот на упатување кон повисоко ниво на здравствена заштита..

„Основата на новиот модел е дополнување на променливиот дел од капитацијата, преку препознавање, евидентирање и вреднување на работата на избраниот лекар. Овие здравствени услуги избраниот лекар ги дава и сега, но истите не се препознаени и евидентирани во електронскиот систем со соодветни шифри. Тоа значи дека во моментот новината е само во начинот на евидентирање на здравствените услуги кои лекарите ги вршат. Прва верзија на Шифрарникот на основни здравствени услуги, кој е имплементиран во „Мој термин“, со тоа што од 01.07.2020 година во електронскиот дневник избраниот лекар ќе ја бележи секоја услуга според шифрата, како и сите податоци согласно Законот за евиденциите од областа на здравството. Секоја здравствена услуга е поврзана со одредена шифра од Шифрарникот и соодветен тежински коефициент. Во пробниот период од 3 до 6 месеци,  дадени се предлог коефициенти кои  по потреба ќе бидат ревидирани“, објаснуваат од ФЗО.

Од ФЗО велат дека паралелно се работи и на изготвување на протоколи за  најчестите заболувања.

Во наредната фаза нов шифрарник треба да има и за матичните гинеколози, но тој се уште е во фаза на подготовка.

The post Измените во системот за евиденција на здравствените услуги ги скара ФЗО и матичните лекари appeared first on Слободен печат.


Измените во системот за евиденција на здравствените услуги ги скара ФЗО и матичните лекари was first posted on јули 8, 2020 at 11:52 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....