4.8 C
Скопје
07:27 - 16 ноември, 2024

Излегоа детали од книгата за Трамп: „Златен туш“, бивши љубовници и уцените на Путин

Бившиот адвокат и близок соработник на Доналд Трамп, Мајкл Коен (53) објави исечоци од својата книга за Трамп во која открива некои прилично скандалозни работи за американскиот претседател и тоа дека сведочел на „златен туш“, пишува Дејли Меил, а пренесува Јутарњи.хр.

Мемоарите на Коен се викаат „Нелојален“, а во нив тој открива дека Трамп има мафијашки менталитет.

„Покрај неговата жена и деца, јас го познавам Трамп подобро од било кој друг“, вели Коен и додава дека тој го поттикнал Трамп да се вклучи во претседателската трка во 2015 година.

– Сведочев каков човек е навистина, во стриптиз клубовите, за време на сомнителни бизнис средби, и во моменти на искреност, кога тој се откриваше каков е навистина: Лажго, измамник, насилник, расист, предатор, злоупотребувач на доверба, истакнува Коен за Трамп.

Во првиот дел од книгата, објавен на страницата DisloyalTheBook.com, Коен тврди дека Трамп „нема вистински пријатели“.

– Нема никој на кого доволно му верува за да му ги довери своите тајни. Десет години ме имаше мене, јас секогаш бев тука за него, а погледнете што ми се случи, вели Коен.

Книгата содржи и признавања на Коен за некои негови дела заради кои и е осуден на три години затвор.

„Во негово име вршев притисок на градежници, уништував деловни партери, ја лажев Меланија за да ги скријам неговите афери и ги малтретирав и им вика на оние кои беа закана за неговиот раст.“

„Од златни тушеви во секс-клубови во Лас Вегас, даночни измами, преку договори со корумпирани функционери на бившиот Советски сојуз, па се до замолчување на бивши љубовници, јас не бев само сведок на делата  на претседателот, туку и нивни активен учесник“, вели Коен.

Покрај „златниот туш“ во Лас Вегас, Коен ги споменува и наводите содржани во таканаречените Досиеа Стил, односно Досиеа Трамп, кои вклучуваат и тврдење дека рускиот претседател Владимир Путин го уценувал Трамп уште од времето кога тој бил во Москва на изборот за Мис Универзум 2013 и кога наводно, гледал како проститутки уринираат на креветот, бидејќи таму претходно спиел Барак Обама.

Коен вели дека Трамп навистина соработувал со Русите, но не на толку софистициран начин како што тоа го мислат неговите противници.

„Знам дека истрагата на Робер Мулер не беше лов на вештерки. Трамп измами на изборите со поддршка на Русија, бидејќи постојаното победување без разлика на цената е неговиот деловен и животен модел“.

Коен вели дека Трамп на Путин се претставувал како еден од неговите корумпирани олигархи милијардери.

„Тоа го знам бидејќи лично присуствував на разговорите и ги известував неговите деца за сите новости. Дури и како кандидат за претседател, тој ја лажеше американската јавност дека нема никаква врска со Русија“, вели Коен.

Коен вели и дека се плашел дека поддржувачите на Трамп ќе го убијат по сведочењето пред Конгресот и дека самиот Трамп сакал да го види мртов. Самиот Трамп, тврди Коен, секогаш се однесуваше како мафијашки шеф и знаеше да дојде до она што го сакаше.

„Претседателот ме нарече стаорец и твиташе за мене и мојата фамилија. Примив повеќе од стотина закани по живот преку меил и телефон, а кога Трамп рече дека би „можел да убие некого на Петата авенија и да се извлече со тоа“ мислеше на мене“.

Коен вели дека делови од книгата ги напишал во затвор сакајќи да го затвори тоа поглавје од својот живот. Но, исто така вели и дека е уверен дека и на самиот Трамп му следи затвор, нарекувајќи го тоа карма откако за време на претседателската кампања повика во затвор да биде ставена Хилари Клинтон.

Коен смета дека Трамп сака доживотно да остане претседател за да избегне затвор и додава дека Трамп „никогаш не се шегува“.

The post Излегоа детали од книгата за Трамп: „Златен туш“, бивши љубовници и уцените на Путин appeared first on Слободен печат.


Излегоа детали од книгата за Трамп: „Златен туш“, бивши љубовници и уцените на Путин was first posted on август 15, 2020 at 3:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....