Централниот Комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на претседателот Христијан Мицкоски, денеска го изгласал Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Кичевскиот доктор на историски науки е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во актуелниот состав на Собранието.
– Сајкоски во минатото има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево во периодот од 2009 година до 2013 година, беше заменик министер во министерство за локална самоуправа и директор на ЈП „Студенчица“. Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го избрале и му дале поддршка на Сајкоски, оти веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата. До неодамна функцијата генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ ја извршуваше Игор Јанушев.
The post Избран наследникот на Игор Јанушев: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.
Избран наследникот на Игор Јанушев: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ was first posted on септември 30, 2020 at 7:58 pm.