-3.2 C
Скопје
05:34 - 26 ноември, 2024

Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Граѓаните му дадоа мандат, ама не му оставија голем избор. Сега Зоран Заев соочен со Сцила и со Харибда (угоре високо, удолу длабко) преговара за да добие мандат и од претседателот Пендаровски.

Платформата е едно, ама бројките се неумоливи. Како сега стојат работите, или со ДУИ или -нема Влада.

Ваквиот „избор“ веројатно нема да задоволи голем број граѓани и од македонска и барем половина од албанската етнича припадност. Едноставно ДУИ стана синоним на „непријатен“ партнер за сите партии по ред и самобендисан маалски „кабадахија“кого ниту граѓаните веќе не можат да го трпат.
Но што е, тука е! ДУИ како партија е реалност на македонската политичка сцена. И тоа не е толку страшно како што изгледа, ако програмите за европска иднина на државата и за првда за сите граѓани се поклопуваат.

Проблемот е како да се постигне компромис околу нешто зад што и едните и другите застанале цврсто, и исклучиво во своите ровови- кој да биде премиер, и дали првата година или последната година од мандатот на коалицијата? Или како што веќе се коментира 1+3 или 3+1.

Според извори на Слободен печат, Предлогот на ДУИ е првата година премиер да биде Насер Зибери, а потпретседател Зоран Заев, а по една година до крајот на мандатот на чело на коалициската Влада да застане Зоран Заев!

Извесно е дека и вчера на средбата Заев- Ахмети, тука заглавиле преговорите и оптимизам дека ќе се најде излезно решение е 50-50. Но, преговорите одат во пакет: во периодот кога ДУИ го дава премиерот, тогаш местото претседател на Собранието да биде кадар на СДСМ и обратно.

Аргументите на ДУИ се дека ова е фер понуда затоа што во првата година од Владата, мандатот на нивниот премиер ќе помине многу бргу.

Исто така еден од агрументите на Ахмети е дека фактички нивниот предлог за премиер и не е нивен партиски член, туку историски гледано е поблизок до СДСМ, затоа што веќе бил потпретседател на Владата во времето на Бранко Црвенковски.

Забелешките во јавноста дека кадрите на ДУИ се со сомнително коруптивно минато Ахмети веќе ги демантирал со фактот што парламентарниот состав на ДУИ е сосема нов и млад. Значи Ахмети свесен за забелешките од страна на јавноста веќе ја прочистил партијата од багажот на некои од постариот партиски кадар.

Аргументите на Заев се исто така разбириливи. На овие избори не победи ДУИ, туку СДСМ. Правото да ја води државата со свои план и програма и со свој кадар е на СДСМ. Тоа право произлегува од мандатот што им го дало мнозинството на народот. Зошто сега би попуштиле пред притисокот на „некое ветување“ кое не го дал Заев, туку Али Ахмети. Едноставно, не морал да го вети тоа!

Со таков пристап според СДСМ, ДУИ не остава простор за договор туку ја става неа (но се подразбира тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ) пред свршен чин, земи или остави.
Тоа веројатно не влева доверба дека коалицијата во иднина ќе функционира „нормално“, туку дека секогаш кога нешто нема да им биде удоволено на ДУИ, ќе има слични ситуации на уцени и закани за напуштање на владината коалиција, или можеби дури и барање за предвремени избори. Дотолку повеќе што последната година од владеењето на такавата коалиција претседател на Собранието би бил кој друг ако не Талат Џафери.

Уште повеќе работата ја заматува и инсистирањето на Ахмети да се осигура и кај другите партии на Албанците, за сосема да им го затвори просторот на СДСМ, а и на ВМРО-ДПМНЕ за било каков маневар.

Пред Заев на овој начин се исправа целиот блок партии на Албанците, кои сите до една имаат свои националистички платформи со кои сакаат да влезат во Влада. Тој нема гаранција од ниедна од нив дека предлогот „премирот Албанец“ на кого другите албански партии во кампањата се потсмеваа, сега макар и премолчано, нема да стане и нивна заедничка платформа како што беше и т.н. Тиранската платформа.

Значи, многу избор- нема. Илузорни се замислите дека во ваква ситуација на „сеалбански етнички консензус“, спасот може да биде во „македонски контрапункт“.

Дури и да можат, како што многумина посакуваат, да се здружат македонските партии на привремена основа, тоа би имало подалекусежни последици по државата одошто може да се замисли. Впрочем тоа експлицитно го соопшти и Зијадин Села уште пред кампањата за изборите: „НИЕ нема седиме со скрстени раце и ќе си направиме СВОЈА Влада“!!!

Значи и Заев и ние сите сме заробеници на етничкиот биполарен свет кој едните се обидуваат да го преточат во „Едно општество за сите“ а другите да го промовираат во „Една држава за сите (двата народа)“.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да возврати на втората синтагма со „македонски одговор“ е самозалажување и залажување на јавноста и е само добар повод за „оправданост“ на албанската синтагма.

The post Изборот на Заев: 1+3 или 3+1 appeared first on Слободен печат.


Изборот на Заев: 1+3 или 3+1 was first posted on август 11, 2020 at 12:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....