22:41 - 22 декември, 2024

Интервју со Зорица Десподовска: Освоивме бронза, во Полска доста се напредува индивидуално!

Слободен печат“ направи интервју со македонската ракометарка којa моментно ги брани боите на полскиот клуб Кобиержице, Зорица Десподовска.

Сезоната е завршена, но нашиот бек ни изјави дека се водат индивидуални тренинзи, како и тактични и психолошки видео разговори.

За самите услови во Полска, љубовта кон ракометот, многу повеќе прочитајте во продолжение.

Потпишавте нов договор со полскиот ракометен клуб Кобиержице и за следната сезоната 2020/21, што значи тоа за вас, колку сте задоволни од игрите, индивидуално и колективно севкупно досега со екипата?

– Го продолжив договорот уште на една сезона. Оваа сезона освоивме бронзен медал, кои и за мене и за овој клуб е прв во полската екстра лига. Покрај тоа сметам дека тука доста се напредува индивидуално и поради тоа не се размислував на продолжување на договорот.

Поради пандемијата на Ковид-19, многу ракометни, спортски натпреварувања се одложени, прекинати, како вие се справувате со ситуацијата, како вие ја одржувате натпреварувачката, физичка форма?

– Лигата е завршена и немаме натпревари, ама тоа го надоместуваме со уште поинтензивни индивидуални тренинзи и тактични и психолошки видео разговори.

Во Македонија игравте за Еуростандард ЃП и Металург, воедно ги браневте боите на германските клубови Кобленц и Розенгартен, Муратпаша (Турција) и Луги (Шведска), сега во полската екипа, има ли разлика во условите на тренирање, организација во однос на нашиот женски ракомет, што може да поправиме од тој аспект за развој, дали треба повеќе финансиско вложување, инфраструктура?

– Можам да потврдам дека организацијата е на многу повисоко ниво. Клубовите се по стабилни финансиски, а со тоа можат да планираат подобар развој за во иднина.

Во 2022 година Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини на Европското првенство, верувате ли дека тоа претставува шанса за добра промоција на ракометот кај нас?

– Сметам дека тоа е голем плус за нашата репрезентација. Се надевам дека тоа ќе помогне да девојките се покажат во што најдобро светло.

Што ве поттикна да бидете дел од спортот или во овој случај ракометот, која е вашата најголема поддршка и за која сте благодарни за успесите на личен и професионален план?

– Потекнувам од ракометна фамилија и од мала бев опкружена со ракомет. Благодарение на моите родители се појави љубовта кон ракометот и станав тоа што сум денес.

Како го исполнувате денот?

– Деновите ми се прилично исполнети. Тренирам секојдневно, а покрај тренинзите често сум во својот мини козметички салон. Во време на вирусот завршив курс за нутриционизам, па почнувам да собирам искуство и на тоа поле.

Кога би имале можност нешто да промените во општествениот живот, што би било тоа?

– Би ги заштитила животните од злоупотреба.

Здравјето е во прв план, што според вас треба да го краси еден спортист за да може да верува во успех, во добар резултат?

– Покрај талентот и вербата, потребна е и континуирана напорна работа.

The post Интервју со Зорица Десподовска: Освоивме бронза, во Полска доста се напредува индивидуално! appeared first on Слободен печат.


Интервју со Зорица Десподовска: Освоивме бронза, во Полска доста се напредува индивидуално! was first posted on јуни 6, 2020 at 10:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....