0.8 C
Скопје
09:13 - 19 декември, 2024

И ова ќе помине, само вандализмот не

Викендов, за време на забраната за излегување од дома, беше запален летниковец во парк шумата Гази Баба. Пред две недели, исто така во период на полициски час, некој се „забавувал“ палејќи контејнери на „Партизанска“. Сторителите, за жал, не се познати. Некои вандали навидум мирно дремат по дома, а во слободно време, кога им е досадно, прават штети низ градот.

Никогаш не ја разбрав болната желба на некои луѓе да се уништува општото добро. Да се крши урбана опрема, реквизити на детски игралишта, да се палат контејнери, да се дивее низ градот кога никој не те гледа. Едноставно, да се прави штета од ќеиф, од лошотилак, од злоба и од недостаток на минимум воспитување, совесност и одговорност. Кој е тој порив? Како функционира свеста на тие суштества?

Шилегов порача дека ваквиот вандализам мора да престане. Како градоначалнику? Ќе поставите чувари покрај секоја клупа, контејнер, летниковец и видиковец? По тревниците каде несовесните си ги паркираат автомобилите? Или камери на секоја педа низ градот? Можеби повикувате на нивниот разум?

За ваквите граѓани не постои апел што ќе допре до нив.

Живееме тешко време, сите ние, соочени со опасноста по сопственото здравје и живот од која секој од нас стравува. Ограничена ни е слободата, физичките контакти, изолирани сме од семејството и пријателите. Дојде пролетта без кафе- муабет по кафулињата, без дружби, без патувања. Нема настава по училиштата, нема детска смеа по игралиштата. Тешко е. Ваквата ситуација кај повеќето граѓани предизвикува чувство на заедништво, сплотеност, поврзаност, поради заедничката неволја во која се наоѓаме. Кај некои пак, без оглед на тоа каква е ситуацијата, секогаш само бес, гнев и омраза.

Во дел од скопските населби викендов соседите се дружеа и поддржуваа со музика и песни секој од својот прозорец и тераса. Оние другите пак, на кои гневот им е начин на функционирање,  им се потсмеваа и ги навредуваа по фејсбук. Некои пак, палеа видиковци. Секој со својот ум.

Сето ова ќе помине и ќе се вратиме на нормалниот, секојдневен начин на живот. Само гневните и злобните ќе си останат исти. И палачите и уништувачите. За жал!

 

 

 

The post И ова ќе помине, само вандализмот не appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....