9.8 C
Скопје
14:07 - 19 декември, 2024

И осличот од Аргентина е домашен, ако е спакуван кај нас

Министерството за финансии на својата бев страница објави прирачник:  „Купувам домашно“ кој содржи 16 често поставувани прашања, а кој има за цел да објасни што се подразбира под „македонски производи“ кои може да се купат со домашна платежна картичка.

„За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун’, пишува во Прирачникот.

Таму е прецизирано и дека еден производ ќе се смета за домашен ако на амбалажата има ознака „Произведено во Македонија“, или „Мade in Macedonia“, односно „Произведено во Република Северна Македонија“ или „Мade in North Macedonia“.

Интересна е информација дека и аргентинскиот ослич, кој овде се препакува во кеси со одредена тежина, и тој се смета за домашен производ. Состојбата е таква и со многу други производи кои потекнуваат од странски земји.

„Доколку правно или физичко лице вршител на стопанска дејност во Република Северна Македонија пакува одредени странски стоки (на пример, лешници, бадеми, риба, суви сливи) на начин што се врши одредена механичка обработка, на пример – распакување, проверка, калибрирање, мерење и пакување, тогаш тој производ може да се смета за домашен. На неговата амбалажа треба да стои “Произведено во Македонија“, или „Произведено во Република Северна Македонија“, со истовремено означување на земјата на потекло“, пишува во Прирачникот.

Но производ, произведен и спакуван во странство за одреден македонски бренд или синџир на супермаркети, не се смета за домашен.

Во Прирачникот е наведено и дека сите услуги – во пекарници, ресторани, фризерници, салони за убавина, кои се регистрирани како македонски фирми, се сметаат за домашна услуга.

The post И осличот од Аргентина е домашен, ако е спакуван кај нас appeared first on Слободен печат.


И осличот од Аргентина е домашен, ако е спакуван кај нас was first posted on јули 5, 2020 at 10:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....