Инфектологот во прилепската општа болница Борка Талески, Емилија Костовска денеска си замина дома со два негативни резултати за коронавирус.
Персоналот со честитки и желби за добро здравје ја испрати колешката дома, посакувајќи и успешна понатамошна работа.
-Секоја болница е посебно важна за здравствениот систем. Секоја болница а посебно секое болничко одделение е едно големо семејство како ова на нашата фотографија. Колку позитивност, колку среќа и колку многу љубов има овде! Заврши лекувањето на доктро Емилија Костоска, инфектолог и со два негативни теста дел од персоналот ја испрати дома. Нашата болница и посакува добро здравје, среќа и успешна понатамошна работа, велат од болницата.
The post И доктор Емилија Костоска го победи Ковид 19, прилепската болница ја испрати дома appeared first on Слободен печат.