01:29 - 5 ноември, 2024

И да ни бараат тестови при патување, ќе ни бидат готови за 1 час!

Владата уште нема разговарано за отворање на границите и на аеродромите. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција одговарајќи на прашањето на Слободен печат, дали ако биде договорено задолжително тестирање за наши државјани пред влез во соседните земји, тоа ќе претставува товар што македонскиот здравствен систем ќе може да го издржи, одговори потврдно.

Имено, во моментов се надградува системот за тестирање, па во повеќе лаборатории се воведува систем на брзи пи си ар тестови кои го даваат резултатот за еден час. Србија ги отвора границите на 1 јуни. Нашата земја ќе го координира тој процес со Грција па ќе го понуди тој документ и на другите земји.

-За време на разговорот со грчкиот колега го споменавме тестирањето како една можност за заштита на здравјето, меѓутоа и ризикот дека тоа нема да има ефект ако станува збор за масовни патувања на голема бројка на граѓани, кои се измешани и со граѓани на други земји. Па престојуваат за време на летните месеци во хотели, апартмани и не сме сигурни дека тоа е некаква гаранција за заштита на граѓаните. Еве Србија најави дека нема да бара тестови за земјите од регионот зашто имаа приближно ист број на заболени и ист процент на ризик, рече Филипче.

Тој додаде дека и некоја соседна земја да побара задолжително тестирање за наши граѓани, македонскиот здравствен систем ќе може тоа да го овозможи дури и при масовно патување на нашинците во странство.

-За тестирањето постои начин да се надгради, сега работиме на систем на брзи пи си ар тестови. Тоа се тестови кои го идентификуваат вирусот, а апарати има на неколку институции – на Клиниката за инфективни болести, Институтот за микробиологија и други јавноздравствени установи. Резултатот стигнува за 1 час. Во таа смисла, ако тоа е некаква заедничка одлука нема да биде проблем да го спроведеме, појасни Филипче.

The post И да ни бараат тестови при патување, ќе ни бидат готови за 1 час! appeared first on Слободен печат.


И да ни бараат тестови при патување, ќе ни бидат готови за 1 час! was first posted on мај 19, 2020 at 4:42 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....