Во Хрватска од понеделник нема да се одржува настава во основните и средните училишта, како и факултетите во период од две седмици, соопшти денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како дел од мерките против ширењето на Ковид-19.
По средбата со Националниот штаб за цивилна заштита и министрите, Пленковиќ информираше дека наставниците и натаму ќе доаѓаат на работа, и доколку е потребно, може да дојдат и деца за кои нема кој да се грижи во тој период.
Истиот режим ќе важи и за градинките и факултетите, а се со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
– Целиот свет е во војна со вирусот. Одговорност на секој граѓанин е суштинска дисциплина која ќе влијае на ширењето на епидемијата. Ги повикувам сите да бидат одговорни и внимателно да ги слушаат упатствата од сите професионалци од јавното здравје, рече Пленковиќ.
Хрватските власти најавија дека од понеделник ќе се одржува настава од дистанца. Учениците од прво до четврто одделение настава ќе следат по пат на „Училиште на Трета”, што ќе се емитува на третиот канал на Хрватската радио телевизија. Учениците од вишите одделенија, односно од петто до осмо и средношколците настава ќе имаат онлајн.
Освен ХРТ, на Спортска телевизија ќе се емитува програма со видео материјали за вишите одделенија во основните училишта и за средните училишта
The post Хрватска ги затвара училиштата, настава ќе се одвива преку ХРТ и онлајн appeared first on Слободен печат.