3.8 C
Скопје
04:23 - 26 декември, 2024

ХАВАРИЈА Лекарка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус!

Докторка дошла на државната Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека свекор ѝ со кого заедно живеат во исто домаќинство, е позитивен на коронавирусот, дознава ,,Слободен печат” од свои извори во лекарските кулоари, кои се крајно разочарани од ваквиот однос на својата колешка. Ноќта меѓу 6 и 7 јуни, докторката влегла како пациентка на клиниката во деветиот месец од бременоста и никому не му кажала на задолжителниот епидемиолошки прашалник при прием дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид 19. Ја примиле и ја сместиле на одделение со други родилки. Во истата соба имало уште две жени.

Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, сосема случајно, преку конекции на болничкиот персонал дека таа во фамилијата има позитивен случај на Ковид 19. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во приватна клиника да се породи.

Доктор Викторија Јовановска, директорка на ГАК, за ,,Слободен печат” ја потврди информацијата.

– Станува збор за докторка која што во семејството имала позитивен на ковид свекор. Таа не кажала, била примена без симптоми. Кога некој од колегите дознал дека е позитивна, веднаш ја симнале на спрат во оддел за изолација. Не сакала да биде во изолација. Си заминала со изјава дека ја напушта клиниката на свој ризик и заминала во „Ремедика“. Сега ги чекаме сите епидемиолошки прашалници и досега три сестри се во изолација. Имаме 15 лица од медицинскиот персонал од претходен случај и навистина кубуриме со персонал, зашто на ваков начин го ставила во ризик целиот медицински персонал кој бил во контакт со неа. И двете жени што беа со неа во соба ги префрливме во одделение на изолација. Јас не знам зошто е толку страшно да се каже вистината при прием. Сите носеле заштитна опрема, но сепак, треба да се кажува вистината – ни рече доктор Јовановска.

Според нашите информации, откако потпишала дека на свој ризик и одговорност ја напушта ГАК, докторката отишла во приватната болница „Ремедика“. Таму ништо не кажала, била оперирана со царски рез и потоа се појавиле симптомите и се дознало дека и таа има коронавирус. Но, било предоцна и дел од медицинскиот персонал во „Ремедика“ исто така морал да оди во изолација. Докторката била префрлена на Инфективната клиника. Двете жени што со неа биле во соба на ГАК, ќе се тестираат следната недела.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за ,,Слободен печат” потврдија дека седум контакти од „Ремедика“ се во домашна изолација поради контактот со лекарката, а тестирани се сите контакти. Оттаму тврдат дека немаат информации за новоинфицирани или за контакти на ГАК поврзани со овој случај.

The post ХАВАРИЈА Лекарка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус! appeared first on Слободен печат.


ХАВАРИЈА Лекарка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус! was first posted on јуни 10, 2020 at 12:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....