Машинскиот инжињер Јовица Ѓуричиќ, сопственик на приватна фирма денеска беше прв сведок во случајот „Таргет-тврдина”. За периодот од 2008 до 2015 сведокот рече дека работел во својата фирма која се занимава со трговија со оружје и воена опрема.
– Во период кога се отвори случајот сакав да дознаам дали и мојот број нелегално бил прислушкуван. Кога бев повикан во СЈО ми беше даден листинг со снимени телефонски разговори. Се чувствувам оштетен бидејќи мојата приватност беше нарушена, а отштета не барам – рече сведокот Гуричиќ.
Сведокот Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка во своето сведочење рече дека своевремено до СЈО имал поднесено барање за информација дали ми биле незаконски прислушкувани неговите телефонски разговори.
– Поднесов барање и бев повикан на состанок во СЈО. Барањето го поднесов бидејќи имав сомневање дека и моите телефонски броеви се прислушкувани. Во СЈО ми беа презентирани докази дека моите два телефонски броеви биле прислушкувани. Дел од прислушкуваните разговори се кога сум бил надвор од земјава, кога директори од другите Оддели во банката ме барале за издавање на гаранции за учество на фирми на тендери на јавни набавки кога банката требала да им издаде гаранција. Таквите прислушкувани разговори можеле да направат штети кај фирмата која барала гаранција од нас. Тие информации тој што прислушувал можел да ги даде на другата страна. Ако се утврди на крај дека оштетата треба да ја плати државата тогаш не барам оштета. Но, ако се утврди налогодавачот тогаш ќе барам отштета и ќе ја донирам во хуманитарни цели – рече Костов.
Во 2012 година имав еден монтиран процес кој од моја страна е оценет како тенденциозен да ме оштети. Постапката за тој случај уште е активна. Контролата во мојата фирма беше спроведена од тешко вооружени полицајци и се посомневав дека сум прислушкуван. Затоа и поднесов барање до СЈО за информација дали мојот телефонски број бил прислушкуван, рече бизнисменот Нухи Алиу, сопственик на фирмата „Еуроактива“.
– Прашањето за отштета ме вознемирува. Мојата штета е голема. Имам членови во семејството кои имаат здравствени проблеми. Лично јас, моето семејство и фирма се оштетени. Фирмата претрпе штета од 10 милиони евра. И оваа сума ја барам како отштета – рече Алиу.
Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески до судот поднел пријава како жртва, па му предлага на Јавниот обвинител да го пријави во случајот „Таргет-тврдина” како сведок кој претрпел штета и нарушена емотивна стабилност.
Инаку, денеска судот извести дека добил известување од адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на обвинетата Гордана Јанкулоска дека од денес и на идните рочишта во овој процес ќе е нејзин застапник.
На претходното рочиште свои искази дадоа повеќе сведоци, меѓу кои политичари и новинари кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на прислушување.
Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешната УБК кои се обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.
Судењето по предметот „Таргет-тврдина” е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.
The post Хари Костов: Ако се утврди налогодавачот на незаконското прислушкување тогаш ќе барам отштета appeared first on Слободен печат.
Хари Костов: Ако се утврди налогодавачот на незаконското прислушкување тогаш ќе барам отштета was first posted on септември 30, 2020 at 11:07 am.