21.3 C
Скопје
01:59 - 22 јуни, 2026

Средношколците прифаќаат онлајн настава, но се заканија и со бојкот (ВИДЕО)

Средношколците прифаќаат настава на далечина, но под услов доколку се подобри епидемиолошката слика веднаш да се започне со настава со физичко присуство, во спротивно ќе ја бојкотираат наставата, изјави денеска пред Министерството за образование и наука, лидерот на сојузот на средношколците Бленди Ходаи.

Тој истакна дека во преговорите со Владата сите предлози на средношколците биле прифатени, освен она најважното, а тоа е да се воведе комбиниран модел на настава и за средношколците.

Преку дискусии со средношколците од сите градови Ходаи посочи дека е постигнат договор да се прифати онлајн наставата, но како што постепено ќе се подобрува епидемиолошката состојба, така учениците да се враќаат на настава во училиштата.

Ходаи нагласи дека средношколците се свесни за моменталната состојба и самите ги следат препораките на епидемиолозите, меѓутоа онлајн наставата ја гледаат само како привремено решение.

– Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците – изјави лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи. 

The post Средношколците прифаќаат онлајн настава, но се заканија и со бојкот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Средношколците прифаќаат онлајн настава, но се заканија и со бојкот (ВИДЕО) was first posted on септември 30, 2020 at 10:46 am.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....