2.8 C
Скопје
17:04 - 22 декември, 2024

Хакерите ризикуваат да добијат тешки затворски казни

За упадот и уривањето на компјутерскиот систем на две министерства од хакерската група која себеси се нарекува „AnonOpsMKD“, правници тврдат дека им следува затворска казна и до 10 години. Но неколкумината хакери продолжија да играат „мачка и глушец“ со државните истражни органи и да „уриваат“ владини сајтови. Засега анонимните хакери јавно се пофалија дека ги хакирале сајтовите на министерствата за здравство и за образование.

„Постојат сознанија што во интерес на тајноста на истрагата нема да ги споделиме со јавноста“, велат од Министерството за внатрешни работи каде што во Одделот за крим-техника и форензика се испитуваат сите детали за групата која за 24 часа хакираше два државни веб-страници.

Единствено што соопшти полицијата е дека интензивно се работи на утврдување на целата „слика“ за најновите упади, но и за тој од 15-ти овој месец, кога беше хакирана страницата на агрегатот Тиме.мк, а со часови беше „падната“ и страницата на Државната изборна комисија, за која хакерската група тврдеше дека не jа хакирала.

Дознаваме дека веќе е изготвен „профил“ на неколкуте членови на групата, која најави „уривање“ на уште јавни и владини сајтови. Компјутерџии од МВР трагаат по локација од каде што се изведуваат хакерските упади.

Министерството за здравство извести дека е цел на хакери и оти не функционира неговата веб-страница. Оттаму велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Засега се знае дека беше хакиран сајтот на Министерството за образование и наука, откако беа нападнати од македонските „Анонимуси“. На сајтовите се појави црна заднина со текст и слика од „Анонимуси“.

„Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. По сè што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство. На сите медицински лица што во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, им симнуваме капа и им се поклонуваме до земја. Секоја чест“, порачаа хакерите.

Експертот за безбедност Никола Стојановски вели дека хакирањето на денот на изборите, но и најновите напади се дело на група од тројца-четворица млади и образовани момчиња со добар програмски „арсенал“.

– Овие хакери удираат врз сајтови за кои знаат дека лесно може да ја минат нивната одбрана, дека нема лесно да бидат лоцирани. Знам дека нема да се обидат, на пример, да го хакираат сајтот на Министерството за одбрана или да упаднат во ОТА, локации од каде што самите хакери лесно ќе бидат детектирани, хакирани и откриени. Што, всушност, прават? Водат „војна“ против државата. Ако е вистина дека тие ги хакирале сајтовите на министерствата за образование и за здравство, а најавуваат уште посериозни напади, самите си создадоа голем законски проблем. Тоа е кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Не постои хакер во Македонија кој останал анонимен. Ако некој верува во тоа, тогаш тоа е мит или поубаво речено лага. Упадот на хакерите зад себе остава трага, која со компјутерската форензика се открива. За крахот на системот во ДИК на денот на изборите, МВР веќе почна истрага. Не минаа ни 10 дена и повторно се појави истата група која го урна сајтот Тиме.мк. Со нивото признавање сториле и материјална штета, која еден ден во судска постапка ќе мора да ја надоместат – вели Стојановски.

Според неговото тврдење, хакерите се всушност ИТ-експерти на возраст до 35 години, кои почнале таканаречена хајка против системот, кој според нивното тврдење не бил демократски и бил узурпиран од поединци.

Во знак на револт – Македонските „Анонимуси“ го урнаа официјалниот сајт на Дуа Липа (ФОТО)

The post Хакерите ризикуваат да добијат тешки затворски казни appeared first on Слободен печат.


Хакерите ризикуваат да добијат тешки затворски казни was first posted on јули 24, 2020 at 2:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....