13.8 C
Скопје
15:03 - 18 декември, 2024

ХАКЕРИТЕ ЈА КОРИСТАТ ПАНИКАТА: Дигитален „коронавирус“ краде податоци од корисници на интернет

Хакерите ја искористија паниката поради новиот коронавирус кој направи хаос ширум целиот свет. Експертите за интернет-безбедност забележаа брзо ширење на малициозен софтвер (малвер) наречен коронавирус, кој се шири преку мејлови.

Во пораката која првично се појави во Јапонија, но е закана за целиот свет, пишува дека регионот е заразен со коронавирусот и ги повикуваат корисниците да го преземат документот, во кој наводно ги пишува мерките за превенција од заразата.

По преземањето на документот, жртвата која че се обиде да го отвори, се појавува порака која вели дека форматот на документот не е поддржан и дека истиот мора рачно да се прегледа. Ова е клучниот момент во кој, по дозволувањето на пристапот, се инсталира малвер со кој хакерите добиваат пристап до приватните податоци на корисникот кој „паднал“ на мамката.

Дигиталниот коронавирус може да украде податоци од паметен телефон или компјутер, а експертите констатираа дека станува збор за малверот „емотет“, кој е создаден за крадење на финансиски податоци.

Надлежните кои го индентификуваа софтверот ги предупредија корисниците шрум целиот свет да бидат внимателни при отворање на пораки од непознати испраќачи, но и при отворањето на пораки од луѓе кои ги познаваат доколку пораки изгледаат сомнително.

The post ХАКЕРИТЕ ЈА КОРИСТАТ ПАНИКАТА: Дигитален „коронавирус“ краде податоци од корисници на интернет appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....