3.8 C
Скопје
04:47 - 20 ноември, 2024

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворените училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици.

Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година”.

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

– Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите од овој свет, рече Гутереш во видео пораката по повод почнувањето на кампањата на ОН наречена  „Да ја спасиме нашата иднина”.

Тој рече дека одлуките што владите и партнерите сега ќе ги донесат ќе имаат трајно влијание врз стотици милиони млади и врз изгледите за развој на земјите во наредните децении.

Гутереш истакна дека враќањето на учениците во училниците треба да биде „главен приоритет”.

– Кога локалниот пренос на Ковид-19 ќе се стави под контрола, враќањето на учениците во училиштата и образовните институции што е можно посигурно мора да биде главен приоритет, рече шефот на ООН, додавајќи дека консултациите со родителите, старателите, наставниците и младите се од основно значење. 

The post Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата appeared first on Слободен печат.


Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата was first posted on август 4, 2020 at 8:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....