12.8 C
Скопје
06:18 - 15 мај, 2024

Војската ќе ги спроведува мерките за самоизолација во австралиската држава Викторија

Австралиската држава Викторија соопшти дека ќе ја ангажира војската за да проверува дали луѓето ги почитуваат пропишаните мерки за самоизолација заради Ковид 19. Властите нагласија дека секој кој ќе ги прекрши тие правила ќе биде казнет со големи парични казни.

Во Викторија, втората најнаселена земја во Австралија, во изминатите 24 часа се регистрирани 439 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а 11 лица починаа.

Претходно, Викторија воведе полициски час во текот на ноќта, го ограничи секојдневното движење на луѓето и нареди затворање на голем дел од локалната економија со цел да се забави ширењето на вирусот.

– Меѓутоа, при проверка на усогласеноста со мерките за изолација, полицијата не најде речиси третина од заразените со Ковид 19 дома, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендру и најави остри парични казни.

Тој рече дека оваа недела ќе бидат распоредени 500 војници во Викторија, кои ќе го следат почитувањето на правилата за самоизолација, а казните за оние кои не го почитуваат тоа ќе бидат скоро пет илјади австралиски долари.

The post Војската ќе ги спроведува мерките за самоизолација во австралиската држава Викторија appeared first on Слободен печат.


Војската ќе ги спроведува мерките за самоизолација во австралиската држава Викторија was first posted on август 4, 2020 at 8:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....