-4.2 C
Скопје
03:17 - 23 декември, 2024

Граѓаните бараат познат и скап адвокат, бегаат од државна бесплатна помош

Стотици граѓани, сами, со години водат правни битки со барањето на правдата во судовите ширум земјата. Многу од нив сами започнувата одреден судски процес бидејќи сметаат дека ангажирањето на адвокат кој ќе ги застапува и брани нивните права е прескапа опција или не можат да си ја дозволат.

Голем дел од граѓаните пак не се ни информирани дека дека при одредени спорови, загрозени права или други потреби имаат можност да побараат бесплатна правна помош. Токму таа е наменета пред се за лица со кои се со незавидна финансиска положба. Секој од оваа категорија на граѓани може да се обрати до Министерството за правда и до неговите подрачни единици. Токму таму може да побара и да добие правна помош или да му се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството, се со цел граѓанинот да ги оствари своите законски права.

Но, иако за секој граѓанин постои можноста да користи бесплатна правна помош, според податоците на Министерството за правда до кои дојде „Слободен печат“, таа опција е минимално искористена од граѓаните.

Фактите велат дека во текот на 2018 година до Подрачните одделенија на Министерството за правда биле поднесени вкупно 156 барања за остварување на правото. Тие барање претежно биле за парници кои се однесуваат на семејни спорови, за развод на брак и заштита на децата, како и за имотно-правни прашања.

Минатата година пак примарна правна помош им била дадена на 299 лица, односно толку граѓани добиле бесплатен правен совет во Подрачните одделенија.

Од 1 јануари до 31 декември лани биле поднесени само 175 барања за секундарна правна помош. И лани, исто како и во 2018 година, барањата најчесто биле при развод на брак, за старателство над малолетно дете, за алиментација и имотно-прави спорови. Математички кажано, во последните две години, бесплатната правна помош ја искористиле незначителен број од вкупното население во земјава.

Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за спорови со осигурителни компании, но и за други потреби.

Законот предвидува две опции, а тоа е давање на примарна и на секундарна правна помош. Првата, примарната ја даваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните одделенија. Примарна правна помош даваат и овластени здруженија. Досега се регистрирани седум вакви здруженија. Таа се состои од давање на општ правен совет, правна информација или помош при составување на барање за бесплатна правна помош.

Секундарната правна помош ја даваат адвокатите и таа се состои од застапување во граѓански судски постапки, во управни постапки пред Фондот за пензиско и инвалидсно осугуривање, Фондот за здравствено осигурување, застапување во постапка за расправање на оставина пред нотар или составување поднесоци на должник пред извршител.

Право на бесплатна правна помош граѓаните имаат во сите судски и управни постапки во кое се решава некое прашање од ваш интерес во следните области како права од социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, права од работните односи, заштита на деца, заштита на жртви на семејно насилство, заштита на жртви од казниви дела, заштита на жртвите од трговија со луѓе, имотно-правни прашања и признавање на правото на азил.

За да се добие бесплатна правна помош барателот треба да живее сам, а неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата.

Ако живее во семејство, вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20 отсто од минималната плата за секој член поеинечно. Тоа значи 12.500 денари плус 2.500 денари или вкупно 15.000 денари месечен приход ако се двочлено семејство, или 17.500 денари за трочлено семејство, а 20.000 за четиричлено семество.

Како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби или надоместок на плата за скратено работно време.

Исто така барателот на правна помош може да има еден едностанбен објект или стан во зграда, да имаат во сопственост една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 метри квадратни во Скопје, 500 метри квадратни во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5.000 метри квадратни во рурални средини и да има едно моторно возило до 1.200 кубни сантиметри.

Kорисниците на бесплатна правна помош се ослободени од судски трошоци и од трошоци за вештачење (тие вештачења се вршат во Бирото за судски вештачења без надомест). Дел од адвокатите со кои се консултираше „Слободен печат“ сметаат дека граѓаните, без разлика на нивната имотна и финансиска состојба, од само на нив познати причини повеќе им веруваат на лично ангажираните законски застапни во својата борба по правда, отколку да побараат правна помош која ќе им ја даде државата.

Праксата покажала, тврдат адвокатите дека граѓаните без разлика за каков граѓанско-кривичен предмет станува збор, ангажираат адвокат кој им е роднина, пријател или пак некој кој лично или од преку трето лице го знаат, а како „име и презиме“ е етаблиран во адвокатската фела.

Разликата, додаваат адвокатите е во тоа што тие кои се ангажирани лично се плаќаат лично од страна на граѓанинот, а тие пак што се ангажирани преку Министерството за павда или Невладина организација работат бесплатно за доброто на граѓанинот.

Важно е да се напомене дека ако граѓанинот на пример не го плати персоналниот данок на доход, Управата за јавни приходи (УЈП) ќе поведе постапка против граѓанинот за присилна наплата на долгот и во овој случај поединецот нема право на бесплатна секундарна правна помош. Бесплатна правна помош од државата не следува ако на пример имате потреба да поднесете барање за утврдување правен статус на бесправен објект или доколку пред надлежен суд се води прекршочна постапка против вас за сторен сообраќаен прекршок.

Меѓу институциите кои нудат бесплатна правна помош е и Хелсиншкиот комитет. Тој е овластено здружение за обезбедување на правна помош, запишано во државниот Регистар на даватели на претходна правна помош.

Доколку имате потреба од бесплатна правна помош, можете да се јавите на бесплатниот телефонски број 0800 44 222. Во зависност од предметот и доколку сте согласни, Хелсиншкиот комитет може да обезбеди советување, поддршка и помош при составување писмена пред државните органи и информирање на јавноста при потешки повреди на правата.

Хелсиншкиот комитет обезбедува правна помош во следниве области: заштита од дискриминација, право на живот, заштита од мачење и малтретирање, заштита од неправично лишување од слобода, права од социјална заштита, права на лица со физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања, еднаквост меѓу мажите и жените, работнички права, право на вероисповест, слобода на говор и информирање, заштита на личните податоци и приватноста, слобода на здружување и протест, слобода на движење, право на здравствена заштита, права на деца и младинци, право на образование, права на припадници на заедниците, заштита од семејно насилство, право на правично судење во разумен рок, право на азил и права поврзани со изборите.

The post Граѓаните бараат познат и скап адвокат, бегаат од државна бесплатна помош appeared first on Слободен печат.


Граѓаните бараат познат и скап адвокат, бегаат од државна бесплатна помош was first posted on октомври 22, 2020 at 3:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....