02:46 - 27 декември, 2024

Градските власти им ветуваат чиста животна средина на скопјани

Акцискиот план за зелен град, кој Град Скопје го изработува во соработка со ЕБОР од март 2019 година, како дел од учеството на градот во програмата на ЕБОР за зелени градови, а кој беше усвоен на последната седница на Советот на град Скопје, им дава нова надеж на скопјани дека во догледно време, конечно ќе живеат во почиста животна средина, но и ќе дишат почист воздух.

Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучи во зелените градови на ЕБОР и го почна развојот на Акцискиот план за зелен град (GCAP).

– Акцискиот план ќе му помогне на Скопје да ги утврди, да им даде приоритет и да одговори на неговите најитни предизвици во поглед на животната средина. Тој има за цел да се справи со најакутните предизвици од климатските промени и животната средина какви што се: управувањето со цврст отпад, водата и отпадните води, градските патишта и осветлувањето, градскиот превоз, намалување на локалното загадување, подобрување на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, како и промовирање на приспособувањето на климатските промени – посочуваат од Град Скопје.

Акцискиот план за зелен град содржи околу стотина страници. Во неговата изработка се применуваа утврдени индикатори за да се прикаже моменталната состојба со животната средина, екологијата во градот и потоа и да се развие долгорочна визија (10-15 години), приоритети на среден рок (5 -10 години) и краткорочни акции/мерки (1- 5 години).

„Програмата на зелени градови“ на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) има за цел да изгради подобра и поодржлива иднина за градовите и нивните жители. Ова се постигнува преку идентификација, одредување на приоритетите и поврзување на предизвиците поврзани со животната средина во градовите со одржливи инфраструктурни инвестиции и јавни политики. Но, дел од советниците и дел од еколошките здруженија беа децидно против брзото носење на овој план.

Од еколошката организација „Еко-свест“ ги обвинија градските власти дека се обидуваат да усвојат важни плански документи за градот, без консултации со жителите на Скопје.

– Иако овој план треба да ја подобри состојбата со животната средина во градот и како таков ги засега сите негови жители, досега немало никакви јавни консултации ниту соодветно информирање за процесот – напишаа од „Еко-свест“ на социјалните мрежи.

Буџетот на Град Скопје за 2020 година зголемен за 81 милион денари

Со ребалансот на Буџетот на Град Скопје, кој деновиве беше усвоен од советниците,  вкупниот буџет за 2020 година се зголемува за 81 милион денари, односно за 1 отсто во однос на првичниот буџет.

– Зголемување се предлага и во буџетот на кредити, (245 милиони денари) за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари низ градот Скопје. Зголемувањето се врши и во буџетот на дотации (4 милиони денари), заради буџетирање дел од непотрошениот вишок приходи од минатата година во културата. Основниот буџет е намален за 167 милиони денари, при што се предлагаат повеќе измени по програми и проекти во согласност со проценетата динамика на реализација на започнатите проекти и роковите на извршување на склучените договори – потенцираат од Град Скопје.

Советниците на опозициските партии беа со став дека во ребалансот требало да има зголемување на средства во некои одредени области. Тие истакнаа дека Градот Скопје требало да стави акцент на зголемување, а не намалување на средства во областите за спортски активности и рекреација на отворено, како што се за партерно уредување, за изградба на патеки, јавни површини и спортски игралишта, каде граѓаните би можеле полесно да ги поминуваат деновите во овој карантински-пандемиски период.

The post Градските власти им ветуваат чиста животна средина на скопјани appeared first on Слободен печат.


Градските власти им ветуваат чиста животна средина на скопјани was first posted on октомври 28, 2020 at 12:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....