2.8 C
Скопје
19:48 - 23 декември, 2024

Горчината од бугарските навреди

Сите политички аспекти на сегашната бугарска позиција во однос на блокирањето на македонските евро-интеграции се веќе добро изанализирани и аргументирани. Не само во македонската, туку и во меѓународната јавност – како и во самата Бугарија, бидејќи таму, сепак, по силата на бројките, статистички има повеќе паметни луѓе отколку во Македонија! Се јавија бројни експерти од разни области кои елоквентно предупредуваат на тесноградоста на таа политика, но и на контра-ефектот што официјална Софија ќе го постигне во сите важни регионални димензии (економски, безбедносни, политички, културни итн.). Најголемото „пукање в колено“, всушност, ќе си го направат самите бугарски националисти кои или ништо или многу малку и со брзо минлив дневно-политички триумф ќе го постигнат на домашен политички план,; а секако епохално многу, на долги стази, ќе предизвикаат уназадување на „пробугарските“ позиции во Македонија, ако овдешната сцена сакате да ја анализирате и со тој речник.

Но, тоа е едното ниво на регресирање во регионалната геополитика за кое, велам, многу се изнапиша и се кажа во изминативе неколку недели.

Другото ниво е фрапантниот простаклук на тие ставови, „исчистен“ од политичките димензии зад кои срамежливо се крие, како што смоквиниот лист има улога ништо да не сокрие, а сепак да го покрие погледот врз „гениталиите“ на таквата политика.

Всушност, ова ниво е она што е далеку понавредливо за Македонците.

Имено, ликови како Каракачанов (нему не мора ни името да му го знаете, презимето веќе му е доволно препознатлив „бренд“, како на времето „брендовите“ на Караџиќ и Младиќ, на пример) или некаков Андреј Ковачев (човеков е доктор на науки, европски пратеник, па дури и „федералист“, како што му пишува во биографијата!) доаѓаат од истиот националистички балкански „бунар“ од кој се пролеаја три-четири војни при распадот на Југославија, неколку децении пред нивната сегашна бугарска „инкарнација“. Каракачанов е примитивната, кафеанска, силеџиска балканска варијанта на тој „бренд“; а овој Ковачев е истата имитација, само малку бриселски „исполирана“, светната во речникот, евтина балканска керамика која се претставува за европски порцелан.

Која е таа простачка позиција да имате амбиција, во 2020 година, паралелно со вестите дека на Марс е откриена вода (!), да го доведувате во прашање чувството за идентитетска припадност на еден, вам, соседен народ?! Да ја спорите „чистината“ на неговиот мајчин јазик, во време кога секој млад Бугарин или Македонец преферира да зборува подобро англиски или германски, од македонски или бугарски јазик?! Да ја омаловажите подготвеноста (конечно!) да се сподели славењето на заедничките историски личности кои го одбележале минатото на оваа географија пред 120 и 1020 години?! Да предлагате (Каракачанов) да испратите бугарски инженериски НАТО-полк за тргање на споменици во Македонија, во време кога уште има високи бугарски офицери кои не можат да добијат сертификати за безбедност во тоа НАТО, бидејќи работат за… Или, со неверојатна дрскост (Ковачев), да барате германскиот нацизам да ви го „покрие газот“ за текот на историските настани во Бугарија за време на Втората светска војна?! Па, денешна Германија е светски демократски лидер (и тоа во онаа цивилизирана, либерално-конзервативна варијанта) токму затоа што победниците од таа светска воена катастрофа ѝ забранија да лаже за својата нацистичка историја!

Е, тоа простачко ниво е понавредливо од самиот факт што ваквата бугарска политика може да го успори македонскиот идеал официјално да стане земја-членка на европското семејство на демократијата.

И кога тоа НЕМА да се случи – ако не сега, тогаш за неколку месеци од сега – ќе остане горчината на навредата не заради тоа што некој во Бугарија мисли дека ќе спечали нешто за себе во својата домашна политика, туку затоа што сме биле приморани да се расправаме со такви простаци чии македонски „сијамски близнаци“, овдешната, македонска демократска средина ги има политички маргинализирано во нивните партиски крадени „бели дворци“, за да не пречат во остварувањето на македонскиот, граѓански, евро-атлантски сон.

Во таа работа, Бугарите не се ни на половина пат од нас, а прават сè да нè вратат таму каде што самите се прилично заглавени.

The post Горчината од бугарските навреди appeared first on Слободен печат.


Горчината од бугарските навреди was first posted on ноември 2, 2020 at 8:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....