7.8 C
Скопје
13:11 - 22 декември, 2024

Гласање на 5 јули за СДСМ спас, за ВМРО-ДПМНЕ кланица

Не само што нема приближување на ставовите на двете најголеми партии за датумот за изборите, туку се чини дека никогаш не биле подалеку. Според владејачката СДСМ треба да се гласа на 5 јули по сила на закон и затоа што има услови да се сочува здравјето на граѓаните, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека „државата се турка во кланица“ и не сака да слушне за гласање додека има починати од коронавирусот.

Во саботата претседателот Стево Пендаровски, поради зголемениот број заболени во последната седмица, донесе четврта одлука за прогласување 14-дневна вонредна состојба – до 13 јуни. Тој потенцираше дека одлуката ја донел „исклучиво за да и се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско-социјалните ефекти од пандемијата и дека не е поврзана со датум за предвремени парламентарни избори“.

но, неговата одлука значи дека партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицковски имаат уште две недели да се усогласат околу денот на гласањето. Шефот на државата повтори дека лидерите биле блиску до договор за датум и разликите им биле во рамки на 10 до 15 дена. Рече дека би можело да се гласа и во работен ден – среда, на пример, но поради порастот на бројот на заболени и починати, разговорите во изминативе денови се прекинати.

Спасовски: Последна вонредна состојба

СДСМ вчера порача дека изборите ќе се одржат на 5 јули, согласно Уредбата со законска сила од 22 март, со која беа замрзнати на 22 дена пред гласањето и на еден ден пред почетокот на изборната кампања. Во изборните единици 2, 5 и 6 носителите на листите порачаа дека не прифаќаат избори подоцна од 5 јули, затоа што не сакат на граѓаните да им го загрозат правото на годишен одмор и затоа што изборите во септември би биле опасни по здравјето. Според СДСМ нема компромис со Уставот, според кој предвремените избори мора да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Собранието, а Уставниот суд ја прифатил владината уредба за изборите и тоа значи дека штом престане вонредната состојба мора да се запази уставниот рок, до чие исполнување се останати уште 22 дена.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е носител во „двојката“, ги повика сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението со цел датумот за избори да се одреди со консензус, но потенцира и дека нема да дозволат вечни преговори и саботажи од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Убедени сме дека ова е последна вонредна состојби, најлошото е зад нас. Изборите треба да се одржат во првиот можен рок, а на граѓаните треба да им е јасно дека не е добро, ниту возможно Владата бескрајно да ја има улогата и на законодавна и на изврша власт. Одговорно е да се обезбеди фунцкионалноста на сите институции. Избори после 5 јули ниту се можни ниту се праведни. Секој термин што е во лето ќе го загрози правото на глас и ќе го загрози правото на одмор. Избори на есен се опасна идеја. Државата не може да биде бесконечно со техничка влада и без парламент – рече Спасовски во Куманово.

Тој потенцира дека изборите се поважни од кафеаните, славите и веселбите и „ако можеме да одиме во маркет и да седиме во ресторан без маски, можеме да настапиме со одговрност после 5 јули граѓаните да добијат нова влада, затоа што е важно од здавствен и економски, но и од демократски аспект“. Според премиерот тврдењата дека изборите ќе го загрозат здравјето се целосно нелогични, а државата има капацитет да обезбеди 100 отсто безбеден изборен ден.

– Свесни сме дека многу граѓани се загрижени, овде сме да ве увериме дека нема простор за паника,. иако вирусот не е за потценуцање. Зголемувањето на бројот на заболени се должи на саботажите и на однесувањето на Чулев и на Мицкоски, а влијание има и зголемениот број на тестирања и олабавувањето на мерките кое е дел од рестартот на економијата – рече Спасовски.

Мицкоски: Бараме нова комисија против зарази

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека СДСМ сака да го втурне народот во црни избори во кои ќе се бројат жртви и заболени наместо гласови и ги обвинија Заев и потретседателката Радмила Шекеринска дека фотелјите им се поважни од животите на граѓаните. „Тие заедно со Спасовски се директните виновници за зголемениот број на заразени и починати. Во ситуација кога дневно имаме по 50 заразени и неколку починати СДСМ ја лаже јавноста дека ситуацијата е под контрола и тоа било нормално. Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и тие преку Спасовски и Филипче стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Граѓаните и нивното здравје мора да биде приоритет број еден во Македонија“, соопшти вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во саботата пред седницата на Советот на безбеднист рече дека очекува вонредна состојба од 14 дена и повик за избори на 5 јули.

– Тоа ќе биде, наместо да зборуваме за мерките како да не ни се случува да умираат по неколкумина и неколку десетици да се заразуваат, сега ќе се занимаваме со тоа дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори. Многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и од нејзините проценки. Се покажа дека таа се води по диктат на Заев и затоа мора да биде разрешена и да се формира тело од непартиски професионалци – рече Мицкоски.
Според него приоритет за ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е единствено здравјето и ефикасна борба со коронавирусот.

Пендаровски: Лидерите да покажат одговорност

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати три пораки по прогласувањето на вонредната состојба – до граѓаните, до Владата и една до партиските лидери.

– Пораката до Владата е дека негативните трендови во некои општини не смеат да бидат повод да се враќаат рестриктивните мерки на целата територија и кон сите граѓани. Надлежните мора да ги санкционираат сите граѓани кои не ги почитуваат мерките, без исклучок и сосема независно од нивната етничка и верска припадност. Со неказнувањето на оние кои свесно не ги почитуваат законите, се остава простор за враќања на кризата на самите почетоци. До политичките лидери кои учествуваат на т.н. лидерски средби пораката е дека државата нема парламент, постои техничка влада која има лимитирани овластувања, ситуацијата е премногу сериозна. Затоа барам од сите да бидат на висина на историската одговорност и да се договорат за датумот на следните парламентарни избори за да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет. Државата едноставно не може и не смее со месеци да функционира само ако има воведена вонредна состојба – порача Пендаровски.

Џафери: Или консензус или институционално решение

Дополнителните 14 дена вонредна состојба се доволни за лидерите на партиите да постигнат консензус за парламентарните избори, а ако тоа не се случи, институциите би требало да си ги преземат обврските, рече претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери по седницата на Советот за безбедност.

– Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот низ гласање. Условите за гласање секако нема да бидат како во претходните циклуси, но ние мора да научиме да живееме со оваа појава која ќе потрае. Не може да ги оставиме институциите во недоглед во нерешена ситуација. Ако лидерите не најдат консензус, институциите одговорно би требало да си ги преземаат обврските во рамките на законските и уставните решенија. Во моментов функционални се три институции, претседателот, техничкиот премиер и Владата која е техничка, но сепак Влада. Меѓутоа, каква и да е, според Уставот, со актот на самораспуштање на Собранието, таа Влада е во оставка и функционира до избор на нова – рече Џафери.

 

The post Гласање на 5 јули за СДСМ спас, за ВМРО-ДПМНЕ кланица appeared first on Слободен печат.


Гласање на 5 јули за СДСМ спас, за ВМРО-ДПМНЕ кланица was first posted on јуни 1, 2020 at 8:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....