9.8 C
Скопје
15:40 - 19 декември, 2024

Гари Капели, министер за туризам на Република Хрватска: Хрватска ги отвори своите туристички капацитети за десет европски држави

За тоа како ќе летуваме во Република Хрватска оваа година, како ќе бидеме пречекани на границата, како ќе одиме на плажа, во кафулиња и ресторани, дали ќе имаме можност да посетиме културни настани, и за тоа што е „новото нормално“ во оваа наша омилена туристичка дестинација, разговараме со министерот за туризам на Република Хрватска, Гари Капели.

Хрватска сосема ги попушти мерките и ги отвори своите граници за странските гости од вкупно десет земји кои имаат слична епидемиолошка ситуација. За останатите земји важат мерките за ограничување на влез, освен во пропишаните прифатливи ситуации, вклучувајќи го и туристичкиот престој.

Сите сектори се драматично погодени од коронакризата, но можеби  најмногу туризмот. Каков е билансот на штетата? Кои мерки ги презедовте за повторно рестартирање на туризмот?

– Од почетокот на годината реализиравме вкупно околу 800 илјади доаѓања на странски туристи, кои пак реализираа 3,3 милиони ноќевања. Во однос на истиот период од минатата година, тоа е очекувано големо намалување од околу 80 отсто. Меѓутоа, од мај, кога почнавме со олеснување на мерките, почнавме да бележиме зголемување на бројот на туристи, кои сега во јуни дневно остваруваат околу 100 илјади ноќевања. Најмногу се тоа гости од околните земји Германија, Словенија и Австрија. Хрватска сосема ги попушти мерките и ги отвори своите граници за странските гости од вкупно десет земји кои имаат слична епидемиолошка ситуација. За останатите земји важат мерките за ограничување на влез, освен во пропишаните прифатливи ситуации, вклучувајќи го и туристичкиот престој. Одлучни сме за овој постапен модел на отворање за да бидеме во можност да ја контролираме ситуацијата со доаѓањето на туристите. Сакаме максимално да ја заштитиме и осигураме здравствената заштита за нашите гости, на туристичките работници и на сите останати граѓани. На тој начин, сакаме на гостите да им овозможиме непречено доаѓање во Хрватска. Во пресрет на дигитализацијата и иновативните решенија кон кои постојано стремиме, направивме и онлајн-платформа што овозможува побрзо поминување на границата и сведување на чекањето на минимум.

Колку вкупно изнесува финансиското растоварување на секторот преку најважните мерки?

На самиот почеток на епидемијата, хрватската Влада направи сè за државата да функционира најмногу што може, водејќи сметка првенствено за здравјето на граѓаните. Што се однесува до помошта за туристичката индустрија, Министерството за туризам ги намали износите за туристичка членарина, со што го намаливме оптоварувањето за 26 милиони куни. Освен тоа, сите приватни изнајмувачи и кои ја даваат услугата за сместување, ослободени се од плаќање на туристичка такса за првите шест месеци, со што се растоварени за повеќе од 154 милиони куни, а променливиот дел од концесискиот надоместок за туристичкото земјиште во камповите, околу хотелите и во туристичките одморалишта се намали на симболична една  куна, со што ја растоваривме економијата за дополнителни 15 милиони куни.

За одржување на ликвидноста беше важно да се осигура можност за кредитирање, па вложивме 26 милиони куни во субвенција за кредитни камати  од Хрватската банка за обнова и развој со што обезбедивме 600 милиони куни кредитен потенцијал кој им е на располагање на претприемачите со потешкотии во претприемањето предизвикано од епидемијата на коронавирусот.

Една од мерките што ги презедовте се и хрватските туристички картички, односно „Кро картичките“, што значат тие?

– Хрватската туристичка картичка, која во медиумите популарно е позната како „кро картичка“ ќе им овозможи на вработените на кои работодавачите ќе одлучат да им исплатат средства на наведената картичка, пристапен одмор со зголемување на надоместок по работна основа преку исплата на надоместок за подмирување на трошоци за угостителски, туристички и други услуги наменети за одмор на работниците. Плаќањето на услугите со Хрватската туристичка картичка ќе биде можно во сите угостителски објекти кои даваат услуги за подготовка на храна и точење пијалаци и во сите објекти што даваат услуги за сместување. Целта е Хрватската туристичка картичка да стане префериран начин на плаќање на туристички и угостителски услуги во Република Хрватска.

Што презедовте за вработените во туристикиот сектор, во хотелите и рестораните, кои останаа без работа? Колкав е процентот на луѓе од туристичкиот сектор кои ја загубија работата?

 Според последните податоци за месец мај 2020 година во евиденцијата на невработени во Република Хрватска има вкупно новопријавени 10.777 лица, што е за 8,8 проценти помалку отколку во месецот мај 2019 година. Со оглед на дејноста на претходното вработување, директно од работен однос во мај се евидентирани 621 лица од дејноста давање сместување и приготвување и услужување храна. Во наведените дејности и во останатите дејности поврзани со туристичка активност, хрватската Влада и понатаму ги спроведува мерките за поддршка за зачувување на работните места за дејности чие работење не може од објективни причини да биде отворено, или кои имаат пад поголем од 50 отсто, а предизвикан од коронакризата, со што се настојува да се избегне отпуштање на работници од погодените дејности и ненадеен влез на работниците во евиденцијата на неврабитени.

Кога Хрватска ќе биде сосема отворена за туристи и дали тоа се однесува и за туристите од земјите кои сè уште имаат висок број на заболени од коронавирус, дали се однесува на сите земји, вклучувајќи ги и земјите од Југоисточна Европа и туристите од Северна Македонија?

– Кога епидемиолошката ситуација во нашата земја, но и во останатите земји од кои ќе допуштиме непречено одвивање на промет, ќе биде на ниво што ќе дозволи ваквите активности да можат безбедно да се одвиваат. Дотогаш, за сите земји освен за Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија, Латвија, Германија и Полска, важи правилото дека нивните граѓани и резиденти можат да влезат во Хрватска, но само ако за тоа имаат оправдана приватна или економска причина, а како валидна економска причина важи и доказот за потврда на престој во сместувачки објект во Република Хрватска.

Дали од туристите кои не доаѓаат од Европската Унија, на граница за влез во Хрватска ќе се бара здравствена потврда, коронатестови, термоскенирање и слично?

– Засега, во соработка со епидемиолозите дефиниравме дека за влез во Република Хрватска од горенаведените оправдани причини не е потребно да се предочи негативен тест и слично, но на граничните премини се наоѓаат санитарни инспектори, кои во случај на потреба ќе реагираат и доколку лицата кои влегуваат покажуваат симптоми на болест и слично, ќе ги упатат на понатамошно постапување, а сè со цел на заштита на здравјето и сигурност на хрватските граѓани и туристите кои престојуваат во нашата земја.

На граничните премини се наоѓаат санитарни инспектори, кои во случај на потреба ќе реагираат и доколку лицата кои влегуваат покажуваат симптоми на болест и слично, ќе ги упатат на понатамошно постапување. ФОТОГРАФИИ – Р.АНИЌ

Какви се плановите за сезонските работници од земјите како Северна Македонија, кои веќе со години сезонски работат во Хрватска, а оваа година немаат никаков ангажман. Се очекува ли промена по ова прашање?

Свесни сме дека туристичките резултати оваа година ќе бидат далеку помали од оние остварени минатата година, која за хрватскиот туризам беше рекордна, но веруваме дека ќе успееме да постигнеме договори за доаѓање на туристи со мерки за одржување на позитивна епидемиолошка ситуација и ќе оствариме до најмногу 30 отсто од минатогодишниот промет. Во зависност од најавите за букирање, хотелските објекти и останатите даватели на туристички услуги, ќе ја одмерат потребата за ангажирање на работна сила од други земји. Од институционална страна за тоа не постојат препреки доколку работодавачите се одлучат за нивно вработување.

Дали падот на туристичките аранжмани ќе ги редефинира цените на сместување во хотелите и во приватното сместување?

– Политиката на цени е во доменот на давателите на услуги во туризмот па тие ќе оценат која стратегија на поставување цени им одговара во оваа ситуација. Треба притоа да се земе предвид дека дел од претприемањето ќе поскапе поради противепидемските мерки кои се наметнати како услов за претприемање во време на „новото нормално“. Но исто така, верувам дека цените ќе зависат од побарувачката и дека некои можеби ќе ги намалат за да привлечат гости. Тоа ќе го одреди пазарот, а институциите како Министерството за туризам се тука за да ја постават правната рамка за претприемање, а тоа веќе го направивме.

Како функционираат плажите, баровите и рестораните во новите постковид верзии, вклучувајќи ги и правилата за дистанца?

– Во сите сместувачки и угостителски објекти и помошни служби и на просторите како што се плажите и базените, се применуваат мерки за борба против ширење на коронавирусотот препишани од страна на стручните епидемиолошки служби, вклучувајќи ги препораките за одржување социјална дистанца, дезинфицирање на просторот и следење на здравствената состојба на вработените со што се осигуруваат највисоките стандарди за заштита на здравјето и хигиената на нашите гости.

Дали ова лето ќе биде без културни настани, без концерти, без музеи, без посетување на цркви?

– Во Хрватска постепено, почнувајќи од крајот на август, почнаа да се олеснуваат мерките поврзани со ограничувањето на движење и организацијата на настаните, па сега веќе е можна организација на културни настани и спортски случувања, а отворени се и културните, спортските и останатите содржини со пропишаните епидемиолошки мерки. Се надеваме дека епидемиолошката ситуација ќе дозволи сите овие активности и понатаму да се одвиваат поради кои сите мораме да се однесуваме одговорно и да се придржуваме на пропишаните мерки во „новото нормално“.

 

The post Гари Капели, министер за туризам на Република Хрватска: Хрватска ги отвори своите туристички капацитети за десет европски држави appeared first on Слободен печат.


Гари Капели, министер за туризам на Република Хрватска: Хрватска ги отвори своите туристички капацитети за десет европски држави was first posted on јуни 25, 2020 at 12:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....