3.8 C
Скопје
17:18 - 24 ноември, 2024

(ГАЛЕРИЈА) Стотици луѓе на маршот „Чекориме за правда“, повикаа за правни разрешници и крај на криминалот

Маршот „Чекориме за правда“ помина во мирна атмосфера, со стотици луѓе кои излегоа на улиците, со цел нашата држава да стави крај на судските процеси кои се водени од Специјалното јавно обвинителство, а сега преземени од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Маршот беше симболично именуван „Чекориме за правда“, а на него земаа учество челиниците на владејачката СДСМ, како лидерот на партијата Зоран Заев, кој одржа говор пред присутните, каде кажа дека народот е желен за правда и дека на ред е Европската Унија.

На обвинетите ќе им се суди врз основа на закони, рече Заев, а бомбите ќе бидат само индиција,

-Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност, нашиот народ е желен за правда, за правична правда, Сега на ред се ЕУ и земјите членки- рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Говор одржа и Џабир Дерала, кој рече дека не треба да заборавиме на жртвите на режимот.

-Само амнестија ги интересираше, само да се извлечат од своето дивеење. Не се грижеа за ништо и никого, освен за сопствените криминални интереси. Да чекориме за правда- рече Дерала, прв човек на ЦИВИЛ.

Исто така, говор пред топлата држеше и Соња Мираковска, член на НСДП, која истакна, дека повеќе од седум години имаме систем во кој јавното обвинителство не може да си ја заврши својата работа, силно се газени човековите права.

-Осудени граѓани, без докази, за тоа ќе се говори во следен период- рече Соња Мираковска.

Меѓу пратениците кои се излезени на маршот можат да се забалежат, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ, раководството од Агенцијата за млади и спорт, односно директорот, Дарко Каевски, Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, генералниот секретар Љупчо Николовски.

The post (ГАЛЕРИЈА) Стотици луѓе на маршот „Чекориме за правда“, повикаа за правни разрешници и крај на криминалот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....