-0.2 C
Скопје
10:21 - 23 декември, 2024

Формулата што го смени светот: Антибиотикот пеницилин на Александар Флеминг повторно под лупа на научниците

Пеницилинот е случајно откриен од лекарот и микробиолог Сер Александар Флемнинг во Лондон во 1928 година. A оваа година, научниците за прв пат ги откриле секвенците на неговиот геном. Истражувачи од Велика Британија користеле замрзнати примероци од оригинален вид габа одгледувана од Сер Флемниг и ги споредиле со нивните модерни и индустриски решенија. Резултатите биле неверојатни.

Примерокот на Флеминг бил одгледуван и чуван „на мраз“ во колекциите во Центарот за земјоделство и биологија на меѓународно ниво во Оксфордшир.

Откриле дека дивиот вид мувла во Велика Британија се користел за малку поинаков метод на производство на пеницилин за разлика од фабриките за производство на антибиотик во други држави.

Овие откритија би можеле да сугерираат нови патишта за подобрување на производството на лекот со широк размер. Овој антибиотик се користи за лекување на разни инфекции добиени од бактерии кои го напаѓаат човечкиот организам.

Profimedia

Сер Флеминг го открил првиот познат антибиотик кога мувла од родот Пеницилиум случајно започнала да расте во Петриев сад во неговата лабораторија во Медицинското училиште во болницата „St. Mary“. Денес е дел од „Imperial College“ во Лондон.

Забележал дека во садот почнало нешто да се случува со бактеријата „Staphylococcus“ што ја оставил да култивира некое време. Спротивно на тоа, колониите на бактеријата „Staphylococcus“ кои растеле подалеку од мувлата останале недопрени – тригер за подетална анализа.

Profimedia

На Сер Флеминг му била доделена Нобелова награда за физиологија или медицина во 1945 година за неговата работа на пеницилин и антибиотици, заедно со колегите Ернст Чејн и Хауард Флори.

Оваа природно добиена мувла, со текот на годините продолжила да се менува. Фармацевтската индустрија и производителите на лекови морале да бараат вештачки начини за добивање на пеницилинот со цел да произведуваат поголеми количини од овој антибиотик, зашто овој начин се покажал како попрофитабилен.

Instagram

Првично се обидовме да ја користиме габата на Александар Флеминг за различни експерименти“, изјавил авторот на трудот и еволутивен биолог Тимоти Баракло од Универзитетот Оксфорд и „Imperial College“ во Лондон.

Но, на наше изненадување, сфативме дека никој до сега не ги поделил секвеците на геномот на овој оригинален пеницилиум, и покрај неговото историско значење во полето на медицината.“

Професорот Баракло и неговите колеги особено се фокусирале на два вида гени – оние што кодираат за ензимите што ги користи габата за производство на пеницилин и оние кои ги регулираат овие ензими.

Instagram

Тимот открил дека и откритието на Сер Флеминг и пеницилинот што денеска се произведува и консумира имале ист регулаторен генетски код – но со текот на годините сфатиле дека се користат повеќе копии на регулаторните гени, што им овозможува на фармацевтските компании да направат поголемо количество од овој лек.

Истражувањето открило дека дивиот пеницилин еволуирал различно во светот, што доведува до малку поинакви верзии на ензимите.

Instagram

Бидејќи мувлата како „Penicillium“ произведува антибиотици за да помогне во борбата против микробите, па така веројатно во секоја држава соединенијата се разликуваат бидејќи се прилагодиле за најдобро да се борат против локалните видови бактерии.

Instagram

Нашето истражување може да помогне да дојдеме до нови решенија за борбата против резистенцијата на антибиотици“, изјавил еден од биолозите од тимот.

„Индустриското производство на пеницилин концентрирано на произведената количина и чекорите што се користат за вештачко подобрување на производството доведоа до промени во бројот на гените“, додал.

Instagram

Но, исто така можеби индустриските методи пропуштиле некои решенија за оптимизирање на дизајнот на пеницилинот и така постепено се случил глобалниот проблем на антибиотска резистенција.

The post Формулата што го смени светот: Антибиотикот пеницилин на Александар Флеминг повторно под лупа на научниците appeared first on Слободен печат.


Формулата што го смени светот: Антибиотикот пеницилин на Александар Флеминг повторно под лупа на научниците was first posted on октомври 14, 2020 at 9:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....