5.8 C
Скопје
09:26 - 16 ноември, 2024

Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за Kовид-19 тогаш кога ќе бидат достапни

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека набавката за вакцината против Ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација.
-Ковакс механизмот е механизам на СЗО којшто ќе обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите членки на ЕУ и ние добивме писмо со понуда од Полска преку полскиот амбасадор во нашата земја. Сакам да му изразам благодарност дека може да купиме соодветна количина од нивната, предвидена за нивната земја, изјави Филипче вчера во интервјуто за телевизија Клан.
Тој рече дека сѐ уште не се познати ниту количините, ниту каква ќе биде таа распределба по земји. Но, навремено ќе има пристап тогаш кога вакцините ќе бидат достапни.
– Дваесет проценти е нешто што засега се смета дека за разумен процент да се вакцинира населението согласно сегашните сознанија. Во таа група од 20 проценти влегуваат постарите, хронично болните, децата итн. Има ризични групи коишто се први за вакцинирање секако ги следиме и новите сознанија и препора”, рече министерот Филипче.
Во однос на вакцината против сезонски грип, Филипче посочи дека оваа година ќе бидат обезбедени двојно поголеми количини. Во некои земји се препорачува за поширок дел од населението, со цел да се одбегнат потешки компликации доколку дојде до вкрстување на болеста и со коронавирусот. Вакцина против сезонски грип за лицата над 65 години и за други ризични групи веќе извесно време е бесплатна.
-Оваа година од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, ние набавуваме 40 илјади и плус 20 илјади добиваме преку донација. Значи ќе имаме 60 илјади вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои што сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Вакцината штити сигурно, со оглед на тоа што е четиривалентна, од претпоставените вируси на сезонски грип или може да се јави сосема лесна форма на болеста, но апсолутно е препорачлива за луѓе кои веќе имаат хронични болести. Освен ризичните групи за кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба, истакна министерот за здравство.

The post Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за Kовид-19 тогаш кога ќе бидат достапни appeared first on Слободен печат.


Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за Kовид-19 тогаш кога ќе бидат достапни was first posted on август 28, 2020 at 12:34 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....